Легал де Кермур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Легал де Кермур (француски:De Kermur Sire de Legal) (роден во 4 септември 1702 во Бретања - починал во 1792) бил француски шахист. Тој бил учител на Франсоа-Андре Даникан Филидор. Давајќи му првенство на својот ученик, до крајот на својот живот, Легал останал втор најдобар шахист во Париз.

Околу 1750, Легал де Кермур во партијата против Сен Брие, одиграна во Париз, победил со познатиот мат кој останал во шаховската историја, во негова чест наречен Легалов мат.