Левин Озтунали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Левин Озтунали
Лични податоци
Полно име Левин Мете Озтунали
Роден на 15 март 1996(1996-03-15)(28 г.)
Роден во Хамбург, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Мајнц Мајнц 05
Број 8
Младинска кариера
Тура Харкшеиде Тура Харкшеиде
Ајнтрахт Нордерштедт Ајнтрахт Нордерштедт
Хамбургер Хамбургер
Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2016 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 15 (0)
2015–2016Вердер Бремен Вердер Бремен 41 (2)
2016– Мајнц Мајнц 05 30 (5)
Репрезентација
2010-2011 Германија Германија 15 4 (1)
2011-2012 Германија Германија 16 5 (0)
2012-2013 Германија Германија 17 14 (0)
2013-2014 Германија Германија 19 11 (3)
2014 Германија Германија 20 11 (1)
2015- Германија Германија 21 13 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Левин Озтунали (роден на 15 март 1996) — германски фудбалер со турско потекло, играч од средниот ред на Мајнц 05.

Животопис[уреди | уреди извор]

Озтунали е внук, по неговата мајка, на легендата на германскиот фудбал Уве Зелер.[1] Неговиот татко е турчин и претходно има работено како скаут во Хамбургер.[2]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Тој е офанзивен играч од средниот ред, но исто така може да дејствува и по крилните позиции.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци, Баер Леверкузен и заемот во Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

Својата кариера Озтунали ја започнал во малку познатите клубови Тура Харкшеиде и Ајнтрахт Нордерштедт од каде подоцна преминува во академијата на Хамбургер каде расте и се развива како фудбалер. На 5 февруари 2013 потпишал петгодишен договор со Баер Леверкузен, а трансферот требало да се комплетира во текот на летото.[3] Пред почетокот на сезоната 2013-2014 Озтунали бил пријавен да настапува и за првиот и за вториот тим на Баер. Своето деби за првиот тим го направил на 10 август, влегувајќи како доцна замена на местото на Гонсало Кастро во победата со 3-1 над Фрајбург.[4] Со тоа на возраст од 17 години и 146 дена Езтунали станал најмладиот играч во историјата на Баер Леверкузен кој дебитирал за клубот во Бундеслигата и 11-ти најмлад дебитант во историјата на натпреварувањето.[5]

На почетокот на следната сезона, на 26 август 2014 бил изгласан за втор најдобар играч на возраст под 18 години зад соиграчот Јулијан Брант. Во текот на неговата втора сезона во Леверкузен дебитирал во Лигата на шампионите влегувајќи како замена од клупата на местото на Карим Белараби во натпреварот против Бенфика кој завршил со победа од 3-1 за фармацевтите. Езтунали останал во Леверкузен до крајот на првиот дел од сезоната, а во текот на зимскиот трансферен прозорец бил позајмен на Вердер Бремен со цел да игра почесто. Својот прв погодок за Вердер го забележал во поразот со 3-2 од Борусија Дортмунд во последното коло од сезоната во Бундеслигата на 23 мај 2015.

Во летото 2015 неговата позајмица во Вердер била продолжена до крајот на сезоната 2015-2016. Озтунали ја завршил сезоната со 25 натпревари во Бундеслигата и еден гол постигнат против Штутгарт во победата со 6-2 во мај. Својот последен натпревар за Вердер го одиграл на 14 мај 2016 во победата со 1-0 над Ајнтрахт Франкфурт, по што се вратил во Баер Леверкузен во текот на летото.

Мајнц[уреди | уреди извор]

На 25 август 2016, Озтунали потпишал петгодишен договор со Мајнц 05.[6] Дебитирал за новиот клуб на 27 август против Борусија Дортмунд влагувајќи како замена во второто полувреме на местото на Суат Сердар, а својот прв гол за клубот го постигнал во следната недела во ремито 4-4 против Хофенхајм.[7] На 29 септември го постигнал својот прв погодок во европските натпреварувања, и тој се покажал како победнички во успехот со 3-2 над азербејџанската екипа Кабала во Лигата на Европа.[8] Својата прва сезона во Мајнц ја завршил со 36 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Озтунали бил дел од повеќе младински репрезентациии на Германија како што се репрезентациите под 15, под 16 под 17, под 19, под 20 и под 21 година.

Во 2014 година учествувал со репрезентацијата под 19 години на Европското првенство во Украина на кое Германија станала шампион; Озтунали одиграл 4 натпревари и постигнал еден гол на турнирот. Во 2015 година настапувал за репрезентацијата под 20 години на Светското првенство во Нов Зеланд, каде собрал 5 настапи и постигнал еден гол во осминафиналето против Нигерија во победата со 1-0. Во летото 2017 Озтунали бил член на германската репрезентација под 21 година која го освоила Европското првенство во Полска. Тој одиграл два натпревари на првенството.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 јули 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Германија Баер Леверкузен БЛ 9 0 - - - - - - - - - 9 0
2014-јан. 2015 БЛ 6 0 КГ 1 0 ЛШ 1 0 - - - 8 0
Вкупно Баер Леверкузен 15 0 1 0 1 0 - - 17 0
јан.-јун. 2015 Германија Вердер Бремен БЛ 16 1 КГ 1 0 - - - - - - 17 1
2015-2016 БЛ 25 1 КГ 4 0 - - - - - - 29 1
Вкупно Вердер 41 2 5 0 - - - - 46 2
2016-2017 Германија Мајнц 05 БЛ 30 5 КГ 1 0 ЛЕ 5 1 - - - 36 6
Вкупно во кариерата 86 7 7 0 6 1 0 0 99 8

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Германија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bogena, Kai Niels (7 November 2015). „Die Karriere-Knick des Uwe-Seeler-Enkels“. Die Welt. Посетено на 19 January 2016.(германски)
  2. „Seeler wütet nach Wechsel seines Enkels zu Bayer 04“. RD Online (германски). 4 February 2013. Посетено на 3 May 2016.
  3. „Bayer 04 sign Levin Öztunali“. Bayer Leverkusen. 2 February 2013. Посетено на 19 January 2016.
  4. McCauley, Kevin (10 August 2013). „Bayer 04 sign Levin Öztunali“. SB Nation. Посетено на 19 January 2016.
  5. „Seeler grandson writes history“. Bild (германски). 12 August 2013. Посетено на 3 May 2016.
  6. „Öztunali is a Zerofiver“. Mainz 05. 25 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 25 August 2016.
  7. „Augsburg keep down Werder Bremen; Hoffenheim storm back in Mainz draw“. ESPN. 11 September 2016. Посетено на 11 September 2016.
  8. „Zlatan Ibrahimovic lifts Man United as Inter lose again in Europa League“. ESPN. 29 September 2016. Посетено на 30 September 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]