Левата рака на темнината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Левата рака на темнината е научно фантастичен роман од Урсула Ле Гвин објавен во 1969 година. Тој е дел од Хајниш циклусот, серија на книги од Ле Гвин поставени во измислениот Хајниш универзум. Тој е меѓу првите книги објавени во жанрот на феминистичка научна фантастика, и е меѓу најпознатите прегледи на безполова андрогинија во научната фантастика.[1] Ле Гвин ја развила оваа идеја од желбата да истражи што останува како основа на човековата природа кога биолошкиот пол повеќе не е фактор.

Харолд Блум едитирал критична антологија за книгата и рекол во воведот дека "Ле Гвин, повеќе од Толкин, ја покрена фантастиката во високата литература, за нашето време".[2]

Според воведот на Ле Гвин во 1976, книгата е "мисловен експеримент" за истражување на општество без мажи или жени, каде што поединците имаат биолошки и емоционални карактеристики и на двата пола.[3]

Овој роман се одвива многу векови во иднината - датум не е даден, иако годината 4870 била сугерирана.[4] Пратеник, Џенли Ај, е на планета наречена Зима ("Гетен" на јазикот на својот народ) да ги убеди граѓаните да се приклучат на Екумен (колектив од 83 света). Зимата е, како што самото име укажува, планета која е секогаш ладна, и нејзините граѓани се "амбиполови", и поголемиот дел од времето се асексуални "потенцијали." Тие добиваат полови атрибути само еднаш месечно, во период на сексуална приемливост и висока плодност, наречен кемер, за време на кој поединци можат да добијат машки или женски атрибути, во зависност од контекстот и односите.[5] Овие услови влијаеле врз развојот на цивилизациите на Зима. Меѓу другото, на планетата никогаш немало војна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Reid, edited by Robin Anne (2009). Women in science fiction and fantasy. Westport, Conn.: Greenwood Press. стр. 9, 120. ISBN 0313335893. 
  2. Modern Critical Interpretations: Ursula Le guin's "The Left Hand of Darkness", ed. Harold Bloom, 1987. Introduction by the editor, p. 10.
  3. Reid, Suzanne Elizabeth (1997). Presenting Ursula Le Guin. New York: Twayne. ISBN 0805746099. 
  4. "Le Guin's Lathe of Heaven and the Role of Dick: The False Reality as Mediator". Ian Watson. Science Fiction Studies #5 2.1 (March 1975).
  5. Spivack, Charlotte (1984). Ursula K. Le Guin. Boston: Twayne Publishers. ISBN 0805773932.