Лебница (река)
| Лебница | |
|---|---|
Поглед на Лебница во близина на селото Никудин | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Држава | Македонија, Бугарија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Огражден |
| • координати | 41°31′44.04″N 22°52′59.16″E / 41.5289000°N 22.8831000°E |
| • надм. вис. | 1.480 м |
| Устие | |
• место | Струма |
• координати | 41°31′54.84″N 23°14′47.04″E / 41.5319000°N 23.2464000°E |
• надм. вис. | 104 м |
| Особености на сливот | |
| Течение | Струма→ Егејско Море |
Лебница или Лебничка Река — река во источна Македонија, десна притока на Струма.
Извор, течение и устие
[уреди | уреди извор]Извориштето се наоѓа под врвот Огражденец (1.744 метри), највисок на планината Огражден. Тече меѓу Малешевските Планини и Огражден со што претставува нивна природна меѓа. Реката се влева во Струма кај селото Лебница.
Особености
[уреди | уреди извор]Вкупниот тек од изворот до утоката изнесува 50 км, од кои 8 на територијата на Р Македонија во нејзиниот источен дел, останатите 42 км во југозападниот дел на Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Сливната површина изнесува 318 км2. Има среден проток од 2,64 м3/с, со горна граница од околу 101 м3/с (заб. 1953 г.). Поголеми притоки се: од десната страна — Тролски Дол, а од левата страна — Црвилска и Добрилачка Река. Во нејзините води живее пастрмка.
Значење
[уреди | уреди извор]Се користи за наводнување. На левиот брег се наоѓа резерватот „Соколата“. Поголем дел од долината на реката е зафатен од заштитената мрежа „Натура 2000“.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
