Прејди на содржината

Лебин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лебин
Место во Анабург
Црквата во Лебин
Црквата во Лебин
Црквата во Лебин
Лебин во рамките на Германија
Лебин
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
ОкругВитенберг
ГрадАнабург
Основни податоци
Површина13 км2
Надм. височина73 м
Население 337  (31 декември 2009)
 - Густина26 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.WB
Пошт. бр.06922
Повик. бр.035386
Координати51°43′N 12°56′E / 51.717°N 12.933°E / 51.717; 12.933
Ветерница

Лебин — село и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2011, е дел од градот Анабург. Општината припаѓала на заедницата на општини Анабург-Претин.

Географија

[уреди | уреди извор]

Лебин се наоѓа 8 километри јужно од Јесен.

Економија и сообраќај

[уреди | уреди извор]

Сојузниот автопат (Bundesstraße) B 187 помеѓу Витенберг и Јесен е околу 9 километри оддалечен.

Историја

[уреди | уреди извор]

До 1815, селото припаѓало на Амт Анабург. Во 1550, имало 15 мажи кои поседувале земја, меѓу нив дванаесет Hüfnerner, кои биле директно одговорни на Амт. Во самото село биле три слободни земјопоседници, кои во 1550 припаѓала на Ханс фон Везенагк, Никол фон Хондорф и Михаел ам Енде.

Селото се граничи со областа Анабург и селата Гербисбах, Шенајхо, Кенич, Хондорф и Плосиг.

Лебин некогаш бил дел од Аксин, и дури подоцна добил сопствена црква.