Прејди на содржината

Лебдилка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Граѓанска лебдилка за превоз на луѓе и автомобили (BHC SR-N4)

Лебдилка (англиски: hovercraft) — возило што може да се движи на воздушно перниче со голема брзина над рамни површини како што се водни тела, мраз и мочуришта. Воздушното перниче е слој од воздух под постојан притисок под возилото. При движење, садот речиси не ја допира површината по која се движи. Отсуството на триење со површината ја намалува отпорноста на движење. Висината на воздушното перниче одредува колку големи пречки или бранови возилото може да движи. Садовите обично имаат неколку посебни мотори. Еден или повеќе мотори вбризгуваат воздух во перничето и го одржуваат потребниот притисок. Други мотори се користат за придвижување на возилото во саканата хоризонтална насока, туркајќи го воздухот наназад и придвижувајќи го садот напред. Некои модели на бродови користат еден мотор, делејќи го протокот на воздух на два. Денес суштествуваат лебдилки со зафатнина од над 150 тона.[1]

  1. „What is a Hovercraft?“. www.twinkl.com. Посетено на 2023-05-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]