Ла Тормента

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ла Тормента
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХумберто Оливиери
УлогиНаталија Стреигнард
Кристијан Меиер
Наташа Клаус
Кристин Лилеј
Марсело Букет
Воведна тема„Ay Amor“
Земја на потеклоСАД Колумбија
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди216
Производство
Извршен продуцент(и)Хуго Леон Ферер
Времетраење45 минути[1]
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување21 септември 2005 – 24 јули 2006

Ла Тормента е романтична колумбиска теленовела. Серијата е снимена во Колумбија, во текот на 2005-2006 година, со 216 епизоди. Оваа теленовела е дело на престижната америkанска продукциска куќа Телемундо и колумбиската РТИ Колумбија. Серијата во Македонија се емитуваше на Сител Телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Марија Тереза и Сантос живеат во сосема различни света. Тие ќе откријат дека е тенка линијата меѓу љубовта и омразата и ќе сторат се да не се вљубат меѓусебно. Сето тоа започнува со доаѓањето на Марија Тереза од градот на имотот на нејзиниот татко, Ла Тормента. Нејзината цел е да го спаси семејството од банкрот. Но, ќе наиде на непознат свет и сето тоа мора да го дели со Сантос. Тој е маж од периферијата со репутација на женкар и заводник. Сантос доаѓа во судир со Марија Тереза од самиот почеток. Колку повеќе се обдуваат да не си пречат толку повеќе се зголемува страста. Од заедничка омраза ќе се роди најчистата љубов кои и двајцата ќе ја доживеат. Ла Тормента е приказна за љубовта, страста и интригите.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Наталија Стреигнард Марија Тереза
Кристијан Меиер Сантос
Наташа Клаус Изабела
Кристин Лилеј Еделмира
Ајлин Абад Валентина
Марсело Букет Симон
Аура Кристина Геитер Бернарда
Хуан Пабло Шук Отец Дамијан
Марија Кристина Галвез Ремедиос
Иван Родригес Сипријано

Ла Тормента на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска:НоваТВ
Бугарија: Нова ТВ
Црна Гора: Пинк М

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „La Tormenta (Serie de TV)“. filmaffinity.com (шпански). Посетено на 30 September 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]