Ла Суфријер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ла Суфријер
La Soufrière
Soufray
Soufriere.jpg
Највисока точка
Надм. вис. 1234 м [1]
Истакнатост 1234 м [1]
Координати 13°20′ СГШ 61°11′ ЗГД / 
Географија
Место Сент Винсент, Сент Винсент и Гренадини, Западни Инди
Геологија
Вид планина стратовулкан (активен)
Вулкански лак/појас Малоантилски вулкански лак
Последен избув од април до октомври 1979
Искачување
Најлесен пат од атлантската страна

Ла Суфријер ("Сулфатарата") или Суфријер Сент Винсент – активен вулкан на островот Сент Винсент од Приветрените Острови на Карибите. Повеќе вулкани на Карибите се наречени Суфријер (француски: излез на сулфур) – Суфријер Хилс на Монтсерат и Ла Гранд Суфријер на Гваделуп, предмет на филмот Ла Суфријер од Вернер Херцог од 1977 година.

Географија и структура[уреди | уреди извор]

Со своите 1234 метри Ла Суфријер е највисокиот врв на Сент Винсент како и највисока точка на островската држава Сент Винсент и Гренадини [1]. Ла Суфријер е стратовулкан со кратерско езеро и е најмладиот и најсеверниот вулкан на островот.

Историја на избуви[уреди | уреди извор]

Вулканска прашина од Ла Суфријер, 1902

Ла Суфријер имала жестоки избуви во 1718, 1812, 1902, 1971 и 1979 година. На 8 февруари 1843 година земјотрес предизвикал ерупција на карипскиот остров Гваделуп во која настрадале преку 5.000 луѓе. [2] Избувот на Сент Винсент на 6 мај 1902 година, само неколку часа пред избувот на Монт Пеле на Мартиник, убил 1.680 луѓе. Зоната на смртта, каде што скоро сите луѓе биле убиени, практично значело уништување на последното голем остаток од карипската култура,[3] со оглед дека Доминиканската Карипска Територија во тоа време била далеку помала.

Последниот забележан избув бил во април 1979 година, но заради навременото предупредување немало жртви.

Прочуената слика на Вилијам Тарнер за избувот на 13 април 1812 година му припаѓа на Галерија и музеј Викторија при универзитетот во Ливерпул. [4] [5] [6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]