Лајош Грендел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лајош Грендел

Лајош Грендел (унгарски: Grendel Lajos), (1948, Левице, Словачка -) е современ унгарски писател и есеист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лајош Грендел е роден во 1948 година во Леви, (денешно Левице), во Словачка. Дипломирал унгарски и англиски јазик на Философскиот факултет при универзитетот "Јан Коменски" во Братислава. Работел како уредник во неколку издавачки куќи и книжевни списанија: "Madach", "Kalligram" итн. Од 1997 година го води ПЕН-клубот на Словачка. Исто така, тој предава историја на унгарската книжевност на универзитетот "Јан Коменски".[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Грендел е автор на поголем број прозни дела (раскази, есеи, романи) кои се преведени на повеќе европски јазици: англиски, германски, француски, италијански, српски и словачки.[2] Исто така, неговиот расказ "Содржината на куферите" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".

Негови поважни дела се:[3]

  • Неверни (раскази), 1979 година
  • Стрелање со вистински куршуми: малцински (анти) роман (роман), 1980 година
  • Хулигани (роман), 1982 година
  • Транспозиции (роман), 1985 година
  • Содржината на куферите (раскази), 1987 година
  • Раскинување (роман), 1989 година
  • Тезеј и црната вдовица (роман), 1991 година
  • Изолираност или универзалност (есеи и интервјуа), 1991 година
  • Дневник на мојата лоша волја (статии во весниците), 1992 година
  • Шегите на Онирисм (раскази), 1993 година
  • Доаѓа Неговото Царство (роман), 1996 година
  • Апсурдистан, мојата татковина (есеи), 1998 година

Признанија[уреди | уреди извор]

Грендел е добитник на повеќе награди, како што се:[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 224.
  2. 2,0 2,1 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 225.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 224-225.