Прејди на содржината

Лајл Фостер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајл Фостер
Лични податоци
Полно име Лајл Брент Фостер[1]
Роден на 3 септември 2000(2000-09-03)(25 г.)
Роден во Карлтонвил, ЈАР
Држава Јужна Африка Јужна Африка
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Барнли Барнли
Број 9
Младинска кариера
Орландо Пајретс Орландо Пајретс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2019 Орландо Пајретс Орландо Пајретс 11 (1)
2019 Монако 2 Монако 2 8 (3)
2019-2020 Монако Монако 2 (0)
2019-2020Серкл Бриж Серкл Бриж 18 (1)
2020-2021 Гимараеш Виторија Гимараеш 5 (0)
2021-2023 Вестерло Вестерло 44 (12)
2023- Барнли Барнли 89 (11)
Репрезентација
2016 Јужна Африка Јужна Африка 17 4 (1)
2017–2019 Јужна Африка Јужна Африка 20 7 (5)
2019–2021 Јужна Африка Јужна Африка 23 6 (0)
2015– Јужна Африка Јужна Африка 32 (10)

Лајл Брент Фостер (роден на 3 септември 2000 година во Карлтонвил) — јужноафрикански фудбалер, напаѓач на Барнли и на јужноафриканската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Фостер израснал во младинскиот сектор на Орландо Пајретс, за кој гои имал своето деби за првиот тим на 15 септември 2017 година за време на натпреварот од Јужноафриканскиот куп, кој завршил нерешено 0-0 против Марицбург Јунајтед.[2] На 22 јануари 2018 година, тој го постигнал својот прв гол за Орландо Пајретс во ремито 1–1 против Полокване Сити.[3][4]

Во јануари 2019 година, тој потпишал за Монако, договор во трајност до јуни 2023 година.[5] Откако најпрво играл во резервниот тим,[6] на почетокот на следната сезона, тој го направил своето деби за првиот тим, започнувајќи го натпреварот од Лига 1 против Олимпик Лион загубен со 0-3.[7]

На 30 август 2019 година, Фостер се приклучил на сојузничкиот клуб на Монако Серкл Бриж во Белгија на позајмица до крајот на сезоната.[8][9]

На 13 август 2020 година, Фостер се приклучил на Виторија Гимараеш во трансфер вреден 1,2 милиони евра.[10] Откако не добил голема минутажа во Португалија, во 2021 година, тој се вратил во Белгија каде му се приклучил на Вестерло, на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп.[11] На 20 ноември 2011, тој постигнал два гола и забележал една асистенција во победата со 1-5 над Лирс.

Во летото 2022 година, Фостер се преселил во Вестерло на трајна основа и потпишал четиригодишен договор со клубот.[12] Во сезоната 2022-2023, Фостер одиграл 21 натпревар и постигнал 8 гола во белгиското првенство до крајот на јануари, кога го напуштил клубот. Во моментот на заминувањето, тој бил најдобар стрелец на клубот.

Во јануари 2023 година, Фостер потпишал договор на четири и пол години со англискиот клуб од Чемпионшип лигата, Барнли.[13] Вредноста на трасферот изнесувала околу 7 милиони евра, рекорд за јужноафрикански играч, која се искачила на 10 милиони евра откако „Кларетс“ си обезбедиле пласман во Премиер лигата на крајот од сезоната, достигнување за кое Фостер придонел со 11 настапи и еден постигнат гол во победата со 3-0 на домашен терен над Виган Атлетик.[14] Следната сезона, во Премиер лигата, тој одиграл 24 натпревари и постигнал 5 гола, но неговиот тим на крајот од сезоната испаднал во Чемпионшип. Неговиот прв гол во Премиер лигата, дошол на 27 август 2023, во поразот со 1-3 на Трф Мор од Астон Вила.[15]

На 26 октомври 2023 година, Фостер потпишал нов петгодишен договор со Барнли.[16] Во ноември 2023 година, тој бил исклучен од тимот на неопределено време поради повторна појава на проблем со менталното здравје.[17] Тој се вратил на терените по двомесечна пауза, за време на натпреварот против Евертон,[18] и потоа постигнал гол во последниот натпревар за сезоната против Астон Вила.[19]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На 3 јуни 2018 година, тој го имал своето деби за јужноафриканската репрезентација во натпреварот од КОСАФА купот против Мадагаскар, загубен на пенали.

Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 9 јуни 2022, во поразот со 2-1 од Мароко во Рабат, во натпревар од квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023.

Во 2025 година, бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации, а една година подоцна и за Светското првенство 2026.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Јужна Африка
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
3-6-2018ПолокванеЈужна Африка Јужна Африка0 – 0
(3 – 4 пен.)
Мадагаскар МадагаскарКОСАФА куп 2018- Четвртфинале-
5-6-2018ПолокванеЈужна Африка Јужна Африка4 – 1Намибија НамибијаКОСАФА куп 2018 - натп. 5-8. место-влегол во игра 82'
8-6-2018ПолокванеЈужна Африка Јужна Африка3 – 0Боцвана БоцванаКОСАФА куп 2018 - натп. за 5. место-влегол во игра 80'
8-10-2020ДурбанЈужна Африка Јужна Африка1 – 1Намибија НамибијаПријателска-влегол во игра 52'
11-10-2020ДурбанЈужна Африка Јужна Африка1 – 2Замбија ЗамбијаПријателска-заменет 9'
28-3-2021ОмдурманСудан Судан2 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 2021-влегол во игра 61'
25-3-2022КортрејкЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Гвинеја ГвинејаПријателска-заменет 68'
29-3-2022Вилнев д’АскФранција Франција5 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-заменет 72'
9-6-2022РабатМароко Мароко2 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 20231добил жолт картон во 24-тата минута 24' заменет 62'
24-3-2023СоветоЈужна Африка Јужна Африка2 – 2Либерија ЛиберијаКвал. за АФКОН 20232заменет 80'
9-9-2023СоветоЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Намибија НамибијаКвал. за АФКОН 2023-заменет 46'
12-9-2023СоветоЈужна Африка Јужна Африка1 – 0ДР Конго ДР КонгоПријателска1добил жолт картон во 67-мата минута 67' заменет 81'
13-10-2023СоветоЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Есватини ЕсватиниПријателска-
17-10-2023АбиџанБрег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска1 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-влегол во игра 83'
7-6-2024УјоНигерија Нигерија1 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 2026-влегол во игра 71'
6-9-2024ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка2 – 2Уганда УгандаКвал. за АФКОН 20251добил жолт картон во 88-мата минута 88'
10-9-2024ЏубаЈужен Судан Јужен Судан2 – 3Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 2025-заменет 86'
11-10-2024Порт ЕлизабетЈужна Африка Јужна Африка5 – 0Конго КонгоКвал. за АФКОН 20251заменет 68'
21-3-2025ПолокванеЈужна Африка Јужна Африка0 – 3Лесото ЛесотоКвал. за СП 2026-добил жолт картон во 69-тата минута 69' заменет 82'
25-3-2025АбиџанБенин Бенин0 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 20261заменет 90'
5-9-2025БлумфонтејнЛесото Лесото0 – 3Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 20261заменет 84'
9-9-2025БлумфонтејнЈужна Африка Јужна Африка1 – 1Нигерија НигеријаКвал. за СП 2026-заменет 90+4'
10-10-2025ДурбанЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 2026-
15-11-2025Порт ЕлизабетЈужна Африка Јужна Африка3 – 1Замбија ЗамбијаПријателска-заменет 65'
22-12-2025МаракешЈужна Африка Јужна Африка2 – 1Ангола АнголаАФКОН 2025 - Прва фаза1
26-12-2025АгадирЕгипет Египет1 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаАФКОН 2025 - Прва фаза-добил жолт картон во 43-тата минута 43'
29-12-2025МаракешЗимбабве Зимбабве2 – 3Јужна Африка Јужна АфрикаАФКОН 2025 - Прва фаза1заменет 73'
4-1-2026РабатЈужна Африка Јужна Африка1 – 2Камерун КамерунАФКОН 2025 - Осминафинале-добил жолт картон во 83-тата минута 83'
27-3-2026ДурбанЈужна Африка Јужна Африка1 – 1Панама ПанамаПријателска-заменет 72'
31-3-2026КејптаунЈужна Африка Јужна Африка1 – 2Панама ПанамаПријателска-заменет 46'
29-5-2026СоветоЈужна Африка Јужна Африка0 – 0Никарагва НикарагваПријателска-заменет 46'
11-6-2026Мексико СитиМексико Мексико2 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаСП 2026 - Прва фаза-заменет 56'
Вкупно Настапи 32 Голови 10
2022-2023
  1. „FIFA U-20 World Cup Poland 2019: List of Players: South Africa“ (PDF). FIFA. 13 June 2019. стр. 20. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 February 2020.
  2. „Augustine Mahlonoko – Remember the Name – Orlando Pirates FC“. www.orlandopiratesfc.com (англиски). 2018-08-05. Посетено на 2024-06-14.
  3. „Bucs held at home – Orlando Pirates FC“. www.orlandopiratesfc.com (англиски). 2018-01-20. Посетено на 2024-06-14.
  4. „Foster Opens his account – Orlando Pirates FC“. www.orlandopiratesfc.com (англиски). 2018-01-22. Посетено на 2024-06-14.
  5. „Lyle Foster joins AS Monaco“. AS Monaco. 2019-01-02. Архивирано од изворникот на 15 February 2020. Посетено на 2020-08-15.
  6. Okeleji, Oluwashina (2 January 2019). „Lyle Foster: South African teenager signs for Monaco“. BBC. Посетено на 30 April 2019.
  7. „AS Monaco - Olympique Lyon 0-3“. Transfermarkt. Посетено на 13 јуни 2026.
  8. „Panzo and Foster join Cercle Brugge“. AS Monaco. 2019-08-30. Архивирано од изворникот на 22 September 2023. Посетено на 2020-08-15.
  9. Cercle Brugge (30 август 2019). "JONATHAN PANZO EN LYLE FOSTER NAAR CERCLE BRUGGE!" (на Dutch). Соопштение за печат.
  10. „Foster garantido por 5 épocas“ (португалски). Vitória S.C. 13 August 2020. Архивирано од изворникот на 15 August 2020. Посетено на 2020-08-15.
  11. „Lyle Foster emprestado ao KVC Westerlo“ (португалски). Vitória Sport Clube. 2021-08-31. Архивирано од изворникот на 1 February 2023. Посетено на 2023-10-26.
  12. „Lyle Foster signs for 4 seasons“. Westerlo. Архивирано од изворникот на 13 May 2022. Посетено на 18 August 2022.
  13. „Clarets-capture-foster“. Burnley. Посетено на 25 January 2023.
  14. „Burnley 3-0 Wigan Athletic: Nathan Tella scores twice for Championship leaders“. BBC. 11 март 2023. Посетено на 14 јуни 2026.
  15. „WATCH“. Times Live South Africa. 27 август 2023. Посетено на 14 јуни 2026. Text " Lyle Foster scores his first Premier League goal" ignored (help)
  16. „FOSTER SIGNS NEW LONG-TERM DEAL!“ (англиски). Burnley FC. 26 October 2023. Посетено на 2023-10-26.
  17. „Foster ruled out over mental health issue“. BBC Sport. 9 November 2023. Посетено на 9 November 2023.
  18. „Burnley vs Everton Match Report“ (англиски). BBC Sport. 16 December 2023. Посетено на 2024-01-17.
  19. „Aston Villa vs Burnley Match Report“ (англиски). BBC Sport. 30 December 2023. Посетено на 2024-01-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]