Лајла Олгрен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рагнхилд Лајла Лилемор Олгрен (родена Андерсон; 1937–2014) — шведски телекомуникациски инженер којa се смета за развивач на мобилна телефонија заедно со Остен Макитало, двајцата инженери во Телија. Конкретно, таа успешно воведе складирање на телефонскиот број во микропроцесорот на телефонот, така што поврзувањето може да се постигне со притискање на копчето за повик. Со тоа се избегнаа прекини на преносот предизвикани од препреки како што се дрвјата при подолго традиционално бирање. Пристапот потоа беше усвоен ширум светот. За нејзините напори, во 2009 година таа стана првата жена на која ѝ беше доделена наградата Полхем за технички иновации.[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „skbl.se - Ragnhild Laila Lillemor Ohlgren“. skbl.se. Посетено на 2021-11-17.
  2. „Laila dials a winner“. www.ericsson.com (англиски). 2016-09-05. Посетено на 2021-11-17.
  3. „Laila Ohlgren“ (шведски). Посетено на 2021-11-17.