Прејди на содржината

Лајка (куче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајка (куче)
Прекари Кудрјавка
Вид Canis familiaris
Пол женски
Од Советски Сојуз
Тежина 5 kg
Романска поштенска марка од 1959 со Лаика (насловот е „Лајка, првиот патник во косомос“)

Лајка (ок. 1954 — 3 ноември 1957) — женско куче од расата самоед-териер, било првото животно што на 3 ноември 1957 г. било пуштено со сателитот Спутник 2 во вселената каде што и престојувало 10 дена, со што се потврдиле тврдењата дека е можен живот во бестежинската состојба.

Првото суштество што патувало во вселената било женски самоед-териер, отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Пред мисијата било куче скитник, и најдено е на улиците на Москва.

Таа тежела 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имала доволно простор за неа да може да лежи или да стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдувал кабината со кислород, а храна и вода биле оставени во желатинирана форма. Лајка била опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажувала дека кучето било вознемирено, но сепак јадело.[1]

Судбината на Лајка

[уреди | уреди извор]

Во тоа време немало технологија за успешно приземјување на товар на Земјата, што за Лајка значело дека ќе биде препуштена да умре од недостаток на кислород по 10 дневен престој во вселената.

Но, тоа не се случило. Дел од термалната изолација на леталото се искинала по лансирањето, и внатрешната температура достигнала 40 °C. Ветеринарите кои ги следеле животните знаци на Лајка, денот после лансирањето забележале значаен пораст на внатрешната температура во биолошкиот оддел, кој настанал очигледно поради оштетеноста на системот за термална контрола. За време на целиот нејзин лет, Лајка претрпувала мала нелагодност поради високата температура. Кучето починало на четвртиот ден од мисијата, на 7 ноември 1957 година. Подоцнежните анализи поткрепени со телемтријата праќана од леталото потврдиледека Лајка умрела од превисока температура. Кучето изгорело во атмосферата заедно со Спутник 2, после 162 дена поминати во орбита.[1][2] После повеќе од пет месеци и после 2.570 свртувања околу Земјата, леталото Спутник 2 со остатоците на Лајка се распаднал на 14 април 1958 година.[3]

Важност на мисијата

[уреди | уреди извор]

Престојот на Лајка во вселената бил од огромна важност како за советската вселенска програма, така и за вселенските истражувања воопшто. Биле соберени многу важни податаци за тоа како се однесуваат живите организми во безтежинска состојба.

Без летот на Лајка и сличните потоа, Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година немало да може да полета во вселената.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]