Прејди на содржината

Лашко Езеро

Координати: 50°24′45″N 07°16′12″E / 50.41250° СГШ; 7.27000° ИГД / 50.41250; 7.27000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лашко Езеро
Laacher See
Поглед на Лашкото Езеро
Топографска карта на околината на Лашкото Езеро
ПодрачјеАрвајлер, Рајнска област-Пфалц
Координати50°24′45″N 07°16′12″E / 50.41250° СГШ; 7.27000° ИГД / 50.41250; 7.27000
ВидКратерско езеро
Главни приливиНиеден
Главни истециФулберт Столен (канал)
Слив&1000000000000001219999912,2 км2
Сливни земјиГерманија
Најг. должина1,964 км
Најг. ширина1,186 км
Површина&100000000000000033100003,31 км2
Прос. длабочина31 м
Најг. длабочина51 м
Зафатнина103,000,000 км3
Брег7,3 км
Надм. височина275 м
ОстровиНиеден
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Лашко Езеро (германски: Laacher See) е кратерско езеро во планините Ајфел и е најголемото езеро во покраината Рајнска област-Пфалц, Германија. Езерото е со дијаметар од 2 км, се наоѓа на околу 24 км северозападно од Кобленц, 37 км јужно од Бон и 8 км западно од Андернах. Формиран е во калдера на вулканот Лахер по неговата последна ерупција, која датира од 11-тиот милениум п.н.е. Испуштањето гас, кое може да се види како мофети во југоисточниот дел на езерото, е знак за тековен вулканизам. Експлозијата има индекс 6 на скалата на вулкански експлозивни индекси (ВЕИ) и има волумен од 16 км³. За споредба, ерупцијата на Пинатубо во 1991 година била околу 10 км³ (ВЕИ 6), а ерупцијата на Сент Хеленс од 1980 година била само околу 0,5 км³ (ВЕИ 5). Површината на овалното езеро е приближно 3,31 км², максималната длабочина е 51 м.[1]

Самото име на езерото Laacher See е тавтологија. Зборот Laach доаѓа од старогерманскиот lacha, поврзан со денешниот збор Lache, латинскиот lacus и англискиот lake, т.е. езеро. Германскиот збор See значи и езеро.

Во 19 век, језуитскиот ред изгради вила на брегот на Лашкото Езеро. Оваа зграда стана вистинска замка за монасите - за околу 20 години во неа загинаа 17 луѓе, од кои многумина во сон. Долго време нивната смрт остана мистерија додека не беше откриено дека многуте мофети долж брегот испуштаат јаглерод диоксид.[2]

Според експертите, супервулканот Лахер за време на својата последна ерупција исфрли стотици милиони тони пепел и камења на површина од неколку илјади квадратни километри. Периодично се забележуваат благи потреси, што во комбинација со мофетите укажува дека вулканот е активен.[3]

Панорама на Лашкото Езеро
  1. Burkhard Scharf, Ulrich Menn, "Orographische, hydrologische Daten des Laacher Sees" (in германски), Limnology of Eifel maar lakes (Geesthacht: GKSS-Forschungszentrum): стр. 44 – 62  (германски) (англиски)
  2. Вулканы/Мофеты – ядовитое дыхание спящих вулканов (руски)
  3. Събужда се „супервулкан“ в Германия, 03 януари 2012, Novini.bg (бугарски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]