Прејди на содржината

Лаутер (Саксонија)

Координати: 50°34′N 12°44′E / 50.567° СГШ; 12.733° ИГД / 50.567; 12.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лаутер
Место во Лаутер-Бернсбах
Грб на Лаутер
Лаутер (Саксонија) во рамките на Германија
Лаутер (Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Град Лаутер-Бернсбах
Основни податоци
Површина 21,55 км2
Надм. височина 480 м
Население 4.707  (31 декември 2011)
 - Густина 218 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08312
Повик. бр. 03771
Координати 50°34′N 12°44′E / 50.567° СГШ; 12.733° ИГД / 50.567; 12.733

Лаутер (германски: Lauter) — град во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, помеѓу двата града Ауе и Шварценберг. Се наоѓа на Рудните Планини, 4 километри југоисточно од Ауе и 4 километри северозападно од Шварценберг, има 4.927 жители, со површина од 21,55 км² и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Од 1 јануари 2013 година е дел од градот Лаутер-Бернсбах.

Низ градот поминува Сребрениот пат, Bundesstraße 101. Лаутер има железничка станица на линијата Цвикау-Шварценберг и е опслужуван од регионалните возови, управувани од Erzgebirgsbahn (подружница на Германските железници) помеѓу Цвикау и Јохангеоргенштат.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот се развил од шумско село (Waldhufendorf), основано во доцниот XII век на западниот крај од долината Шварцвасер. Името е документирани низ вековите како Lawther (1460), Lawte (1501) и Lauttera (1590). Градот го добил ова име од истоимениот поток Lauter, иако ова име повеќе не се користи за водниот тек.

Покрај земјоделството и везењето корпи, и рударството е широко распространето. Кога започнала индустријализацијата во XIX век, многу машински фабрики и металопреработувачки и друвни работилници, како и фабриката за емајл започнале со работа во градот. Градските права ги добил во 1962 година.

Во раните 1950-ти, фудбалскиот клуб БСГ Емпор Лаутер играл успешно во Горната лига на Источна Германија, додека не бил префрлен во Росток во 1954 година. Неговиот тим наследник Ханза Росток сега игра во првата Бундеслига.

Население

[уреди | уреди извор]

Следниве бројки се однесуваат на 31 декември во секоја дадена година.

1982 до 1988

  • 1982 − 6.778
  • 1983 − 6.659
  • 1984 − 6.567
  • 1985 − 6.457
  • 1986 − 6.299
  • 1987 − 6.200
  • 1988 − 6.107

1989 до 1995

  • 1989 − 5.880
  • 1990 − 5.589
  • 1991 − 5.442
  • 1992 − 5.399
  • 1993 − 5.328
  • 1994 − 5.499
  • 1995 − 5.401

1996 до 2002

  • 1996 − 5.303
  • 1997 − 5.283
  • 1998 − 5.255
  • 1999 − 5.185
  • 2000 − 5.199
  • 2001 − 5.135
  • 2002 − 5.103

2003 до 2006

  • 2003 − 5.066
  • 2004 − 5.007
  • 2005 − 4.968
  • 2006 − 4.927
Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  • Едвин Бауерсакс (1893–1948), поет (Heimatdichter), бил активен во Лаутер од 1919 до 1945
  • Штефи Мартин (р. 1962), двапати олимписки медалист во санкање, живеел извесно време тука

Родени во градот

[уреди | уреди извор]
  • Јохан Георг Рахалс (1630–1671), главен истражувач во Саксонија
  • Валтер Вајдауер (1899–1986), од 1946 до 1958 градоначалник на Дрезден
  • Вернер Круше (1917–2009), теолог и бискуп на Евангелистичката црква во Германија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]