Лауреат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лауреат[1][2] (латински: laureatus, „овенчан со лавор“) — поим што се користи за означување на добитник на престижна јавна награда од областа на науката или уметноста, или победник на исто така на престижен уметнички натпревар. Името доаѓа од лаворовиот венец што победниците на престижните поетски натпревари во Стара Грција го добивале како симболична награда. Обичајот подоцна го презеле Римјаните, така што поимот лауреат како добитник на овие и слични награди се проширил низ Западна Европа во средниот век, а подоцна и низ целиот свет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]