Латинско Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Латинска империја)
Латинско Цариградско Царство
Imperium Romaniae
Римско Царство

1204 – 1261


грб на Латинското Царство

Местоположба на Латинско Царство
Латинското Царство и неговите соседи во 1204 г.
Главен град Цариград
Јазици латински, старофранцуски
грчки
Вероисповед римокатоличка
православна
Уредување монархија
Цар
 -  1204–1205 Болдвин I Цариградски
 -  1206–1216 Хенри Фландриски
 -  1217–1219 Јоланда Фландриска (регент)
 -  1219–1228 Роберт I
 -  1228–1237 Јован Бриен (regent)
 -  1237–1261 Болдвин II Цариградски
Историски период развиен среден век
 -  Основана 1204
 -  Замрела 1261
Површина
 -  1204 350000 км²

Латинско Царство — држава која постоела во периодот од 1204 до 1261 година на дел од територијата на тогашната Византија. Оваа империја била создадена во време на четвртата крстоносна војна. Оваа држава била основана од страна на крстоносците при зазимањето на Цариград во 1204 година. Оваа царство се смета како директен наследник на Римското Царство. Уште на почетокот таа била разделена на множество кралства и грофовии. Но таа не ја опфаќала целата територија на Византија. Во Епир било создадено Епирско Деспотство, а во Мала Азија - Никејското и Трапезундското Царство.

На 16 мај 1204 година за прв цар бил прогласен Болдвин IX Фландријски, еден од водачите на четвртата крстоносна војна и кој на 16 мај 1204 година бил прогласен за нов римски цар под името Болдвин I. Во почетокот началото таа водела многу експанзионистичка политика, но по Битката кај Одрин претрпела пораз од цар Калојан. Во текот на 1208 година била завладеана Тракија, но по мирен начин царот Иван Асен II одново си ја вратил. Во 1228 година царот Роберт Куртен започнал дипломатска игра. Тој предложил престолот на царот Иван Асен II.

Во 1261 година никејците го искористиле отсуствувањето на бродовите на Венеција и навлегуваат во Цариград. По тој начин се сложил крај на постоењето на Латинското Царство.

Цареви на Латинското Царство, 1204–1261[уреди | уреди извор]