Лате макијато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лате макијато
Чаша лате макијато

Лате макијато е пијалак направен од кафе.

Сродни пијалаци[уреди | уреди извор]

Лате макијато се разликува од кафе лате на неколку начини. Прво, во лате макијато, кафето се додава во млекото, наместо млекото во еспресото како во кафе лате. Друга разлика, лате макијато има поголема пена отколку едноставно топло млеко.

Во кафе лате, акцентот е на кафето, повеќе содржи кафе одколку млеко, додека во лате макијато, акцентот е целосно на млекото.

Магијата е малата „точка“ на кремот што останува врз млекото за јасно да се направи разлика помеѓу лате макијато и кафе лате, каде еспресото според традицијата се додава пред млекото, па оттука нема „белег или дамка“. Спротивно на тоа, макијато, уште еден пијалак со многу слично име, всушност е еспресо „извалкано“ со мало количество млеко.

Подготовка[уреди | уреди извор]

Подготвка на лате макијато е прилично едноставно со пенесто млеко, генерално со многу пена истурена во чаша во која се додава кафе еспресо. Пената генерално преовладува, бидејќи е во поголемо количество и дава значителна лесна, „сува“ пена, со слој од течно млеко одоздола, наместо „влажна“ микропена што се користи во познатата лате уметност.

Може да се подготви како слоевит пијалак, со еспресото нежно ставено, така што ќе направи слој помеѓу погустото течно млеко одоздола и полесната пена која се наоѓа погоре. Во овој случај, чашата е од суштинско значење за слоевите да бидат повеќе видливи.

Еспресото, исто така, може да се подготви во стандардна шолја за еспресо или може да се приготвува во специјализиран бокал за подготовка на еспресо, што го олеснува ставањето, особено за слоевите.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Davids, Kenneth (2001). Coffee: A Guide to Buying, Brewing, and Enjoying (5e. изд.). New York, NY, USA: St. Martin's Griffin. ISBN 0-312-24665-X.