Латвиска Национална Опера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Латвиска Национална Опера
Latvijas Nacionālā opera (летонски)
Opera Nacional, Riga, Letonia, 2012-08-07, DD 04.JPG
Општи податоци
СтилКласицизам
ГрадРига
ЗемјаЛатвија
Завршена1863
Проектирање и изградба
АрхитектЛудвиг Бонстед

Латвиска Национална Опера или ЛНО(латвиски: Latvijas Nacionālā opera) — национална опера на Латвија, чие седиште се наоѓа во престолнината Рига[1] . Во нејзиниот состав спаѓаат и Латвискиот национален балет (ЛНБ), Латвискиот национален хор (ЛНХ) и Латвискиот национален оркестар (ЛНО).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Рига постоел театар на кој се прикажувало на германски, кој исто така нудел и опера и балет уште од 1782 година и тој бил сместен во Градскиот театар на Рига од 1863 година.

Првиот обид да се создаде латвиска национална опера била 1893 година, кога била изведена Spoku stunda[2] . Латвиската опера (Latviešu Opera) била основана во 1912 година од страна на Павулс Јурјан, иако речиси веднаш, за време на Првата светска војна, оперистите биле евакуирани во Русија. Во 1918 година, операта се рестартирала под името Latvju Opera предводена од Јазепс Витолс, основач на Латвиската академија за музика. Дебитантната изведба на 23 јануари 1919 година била на Вагнеровата Der fliegende Holländer. Од 1944 година, по окупацијата на Латвија од страна на Советскиот Сојуз и паѓањето под советско влијание, Латвиската Национална Операбила затворена до 1995 година поради реновирање и седиштето се преселило во привремени простории. При повторното отворање во 1995 година, првата опера била Uguns un nakts („Оган и ноќ“) од Јанис Мединш.

Објект[уреди | уреди извор]

Зградата на Националната опера во почетокот на 20 век.

Националната опера била изградена во 1863 година од страна на архитектот од Санкт Петербург, Лудвиг Бонстед. Во текот на својата историја, објектот бил на неколку пати реновиран, и тоа: 1882-1887 (по пожарот во 1882), 1957-1958, 1991-1995 (по независноста)[3]. За последен пат бил обновен во 2001 година кога била изградена нова сала од 300 места.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jonathan Bousfield Baltic States Rough Guides 2004 "The Latvian National Symphony Orchestra and the Latvian National Opera are the biggest shows in town, but be sure to look out for performances by Kremerata Baltica, a chamber ensemble put together by the Riga-born violinist Gidon Kremer"
  2. Kevin O'Connor Culture and customs of the Baltic states 2006 p181 "The first attempt to create a Latvian national opera was J. Ozols's (1863–1902) The Ghostly Hour, performed in 1893, but cultural historians agree that the first real Latvian opera was Baņuta by the organist and composer Alfrēds Kalniņš"
  3. Robert Barlas, Winnie Wong Latvia- 2010 p98 "Since independence in 1991, the National Opera building has received a major facelift, restoring the original facilities to their former grandeur and adding new ones."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 56°57′19″N 24°06′17″E / 56.95528° СГШ; 24.10472° ИГД / 56.95528; 24.10472