Лас Вегас (ТВ серија)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Лас Вегас | |
|---|---|
| Податотека:Vegas Title Card.jpg | |
| Создадена од | Гери Скот Томпсон |
| Улоги | Џош Духамел Ванеса Марсил Џејмс Лежр Моли Симс Том Селек |
| Земја на потекло | |
| Бр. на епизоди | 87 |
| Производство | |
| Времетраење | 41 минута (по епизода) |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | NBC |
| Сликов формат | 480i (SDTV), 1080i (HDTV) |
| Првично прикажување | 22 септември 2003 |
| Надворешни врски | |
| Мрежна страница | nbc.com/Las Vegas/ |
Лас Вегас е американска драмска серија за тим луѓе кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Премиерата на Лас Вегас беше на 22 септември 2003 на NBC. Се емитува во повеќе од 70 земји, а во Македонија се прикажувала на „Сител“.
Заднина
[уреди | уреди извор]Центар на серијата е Ед Дилејн (Џејмс Кан), строг поранешен ЦИА агент кој прво бил главен во одделот за сигурност на казиното, а станал главен директор на Монтесито. Друг главен лик е поранешниот маринец Дени Мекој (Џош Духамел), кој се смета за десна рака на Ед Дилејн. Тој е главен во одделот за сигурност и негова задача е да истражи сомнителни лица кои влегле во казиното. Други ликови кои работат со Дилејн и Мекој се Мери Конел(Ники Кокс), пријателка од детството на Дени и поранешна свршеница; Сем Маркез (Ванеса Марсил) манипулативна стопанственичка која се смета за најдобра водителка во казиното; ќерката на Ед, Делинда Дилејн (Моли Симс) е менаџерка на ресторанот на Монтесито, Мистик.
Информации за сезоните
[уреди | уреди извор]Лас Вегас има четири комплетни сезони, од кои три веќе ги има и на ДВД. Обновена е и за петта сезона која ќе почне во септември 2007, но во неа нема повеќе да бидат Џејмс Кан и Ники Кокс. На местото на Џејмс Кан, влегува Том Селек.