Ласло Мартон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ласло Мартон
Márton László
Роден/аЛасло Мартон
23 април 1959 (1959-04-23) (60 г.)
Будимпешта, Унгарија
Занимањеписател
Националност Унгарија

Ласло Мартон (унгарски: Márton László), (1959, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател (драматург и прозаист) и есеист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ласло Мартон е роден во 1959 година во Будимпешта. Дипломирал унгарски јазик, германистика и социологија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Од 1983 година, работи како уредник во издавачката куќа "Хеликон".[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Мартон е автор на поголем број прозни дела, а некои од нив се преведени на повеќе европски јазици: германски, бугарски и словачки. Исто така, неговиот расказ "Урнатините на едно ненапишано поглавје" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]

Негови поважни дела се:[3]

  • Големото будимпештанско прогонство на страшилата (раскази), 1984 година
  • Засолниште (роман), 1985 година
  • Пеперутки на шеширот (драми), 1987 година
  • Избрани и стопени: размислување за судбината која е неделива (есеи), 1989 година
  • Потсвесна станица (роман), 1990 година
  • Премин преку огледалото (роман), 1992 година
  • Амбиција (роман), 1994 година
  • Вистинската приказна за Јакоб Вунсшвиц (роман), 1997 година
  • Принудно ослободување (роман), 2001 година
  • Небесните три капки крв (роман), 2002 година
  • Местото за криење на Минерва (роман), 2006 година
  • Не ме повредувај, Вираг! (роман), 2007 година

Признанија[уреди | уреди извор]

Ласло Мартон е добитник на повеќе награди, како што се:[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229-230.
  4. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 230.