Ласерски печатач

Ласерски печатач — вид печатач кој својата работа ја заснова на ласерската технологија. Неговата работа се заснова на својството на некои материјали (селен) да стануваат видливо наелектризирани под влијание на светлината. Тие работат така што под влијание на ласерската светлина го отстрануваат електричниот полнеж од ротирачкиот барабан, кој претходно бил рамномерно нанесен. По осветлувањето, барабанот поминува над тонерот во прав и површината на барабанот што не била изложена на ласерот ги привлекува честичките од тонерот и ги пренесува на хартијата.
Селенот е полуспроводник, кој кога не е осветлен има својства на изолатор, а кога е осветлен станува спроводник на електрична струја.
Резолуцијата на печатачот зависи од големината на точките, што зависи од дебелината на ласерскиот зрак и од квалитетот на тонерот.
Ласерската технологија се користи во печатачите во боја, каде што има модели со три (CMY) и четири (CMYK) механизми за печатење.
Ласерските печатачи денес, стандардно, достигнуваат брзина на печатење од 10 до 60 страници во минута (англиски: ppm, Pages Per Minute), а најбрзите модели можат да печатат повеќе од 200 страници во минута во црно-бел печат и над 100 страници во минута во боја.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Ласерски печатач на Ризницата ?
- Birth of the Laser Printer. Computer History Museum. https://www.youtube.com/watch?v=BZFaQiItckU.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |