Ласгуш Порадеци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Портрет на Лазар Сотир Гушо

Лазар Сотир Гушо (на албански: Llazar Sotir Gusho; 27 декември 1899, Поградец - 12 ноември 1987, Тирана), попознат под псевдонимот Ласгуш Порадеци[Белешка 1] (на албански: Lasgush Poradeci) — албански филолог, поет, преведувач, писател и пионер на модерната албанска литература.[1] Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20-от век чии дела се директно поврзани со романтизмот и реализмот.[2]

Роден во малото гратче Подградец на брегот на Охридското Езеро, тогаш во границите на османлиска Албанија, своето основно и средно образование го завршил во Битола и во Атина, а потоа академското образование го добил на универзитетите во Букурешт и Грац. Тој развил и одржувал тесни врски со Асдрени, Ернест Колиќи, Ѓерѓ Фишта и Митруш Кутели, кои станале едни од најистакнатите албански писатели од тоа време.[3]

Порадеци е најдобро запомнет по неговите збирки поезија „Танцот на ѕвездите“ (Vallja e yjve) и „Ѕвездата на срцето“ (Ylli i zemrës), инспирирани од традициите и особеностите на албанскиот живот. Неговиот стил се карактеризира со стилско-техничко достигнување, форма и содржина, како и ангажман со природата, еротиката и филозофијата.[4][5] Тој на албански јазик има значајни преводи на неколку големи англиски, француски, германски, италијански и руски дела.[6][7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ласгуш од Лазар Сотир Гушо, а Порадеци од неговото родно место Подградец кое го нарекувал Порадец
  1. Robert Elsie. „5“. Albanian Literature: A Short History (English). I.B.Tauris, 2005. ISBN 9781845110314.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. Joachim Röhm. „Lasgush Poradeci“. joachim-roehm.de. Архивирано од изворникот на 3 August 2012. Посетено на 29 декември 2012.
  3. Robert Elsie. Historical Dictionary of Albania (English). Rowman & Littlefield, 2010. стр. 362–363. ISBN 9780810861886.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. Anton Logoreci. The Albanians: Europe's Forgotten Survivors (изд. University of California.). Gollancz, 1977. стр. 64.
  5. Jeta e re, Band 19 (Albanian) (изд. University of California.). стр. 446.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Heine-Jahrbuch 2016 (German) (изд. Sabine Brenner-Wilczek.). Springer-Verlag, 2016. стр. 189. ISBN 9783476043696.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. Robert Elsie. „Anthologie albanischer Lyrik vom 16. Jahrhundert bis zur Gegenwart“ (PDF). elsie.de (German). стр. 61.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)