Лаос

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лао)
ສາທາລະນະລັດ ປະຊາທິປະໄຕ ປະຊາຊົນລາວ
Sathalanalat Paxathipatai Paxaxon Lao
Лаоска Народна Демократска Република
Знаме Coat of arms
Геслоສັນຕິພາບ ເອກະລາດ ປະຊາທິປະໄຕ ເອກະພາບ ວັດທະນາຖາວອນ
"Мир, независност, демократија, единство и просперитет"
ХимнаPheng Xat Lao
Местоположба на Лаос
Главен градВиентијан
17°58′N 102°36′E / 17.967° СГШ; 102.600° ИГД / 17.967; 102.600
Најголем град главен град
Службен јазик лаоски
Демоним лаошанец
Уредување Социјалистичка република
 •  Претседател Чоумали Сајасоне
 •  Заменик претседател Бунханг Ворачит
 •  Премиер Буасоне Бупаванх
независност од Франција 
 •  Датум 19 јули 1949 
Површина
 •  Вкупна 236,800 км2 (83-та)
 •  Вода (%) 2
Население
 •  проценка за 2007 г. 6,521,998 (106-та)
 •  Попис 1995 4,574,848 
 •  Густина 25 жит/км2 (177-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $12.614 милијарди[1] (129-та)
 •  По жител $2,054[1] (138-ма)
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $4.108 милијарди[1] 
 •  По жител $669[1] 
Џиниев коеф. (2002)34.6
среден
ИЧР (2013) 0.569[2]
среден · 139та
Валута Кип (LAK)
Часовен појас (UTC+7)
Се вози на десно
НДД .la
Повик. бр. 856

Лаос или официјално Лаоска Народна Демократска Република е земја во југоисточна Азија. Лаос се граничи со Мјанмар и НР Кина на северозапад, со Виетнам на исток, со Камбоџа на југ и со Тајланд на запад. Историјата на Лаос датира уште од кралството Лан Санг или „Земјата на Милион Слонови“, кралство што опстојувало од 14 век до XVIII век.

После периодот кога Лаос бил француска колонија, во 1949 година оваа држава се изборила за независност. По кратко време се одвивала граѓанската војна кога комунистичкото движење Патат Лао дошло на власт во 1975 година.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

На лаоски јазик, името на земјата е „Меуанг Лао“. Кога Лаос или поточно Лао потпаднал под француска окупација, французите додале едно нечујно -с на крај од зборот Лао со што се добил денешниот изговор на државата, но само кај странските јазици, бидејќи на лаоски сѐ уште државата се вика Лао.

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Лаос влече корени од кралството Лан Санг, основан во 14 век од Фа Нгум, а додека самиот овој влече корени од голема кралска фамилија основана од Кун Булом. Кралството постоело сѐ до XVIII век кога било поделено на три делови кои подоцна потпаднале под сијамска власт. Во 19 век, Луанг Прабанг бил приклучен кон протекторатот Француска Индокина, а подоцна биле додадени и околните територии. Под француска власт, Виентијан повторно станал главен град на Лаос. Подоцна територијата на Лаос била окупирана од јапонските сили што кон крајот на Втората светска војна Лаос прогласил независност. Оваа независност била укината од повторната француска окупаторска сила и во 1950 година Лаос бил дел од француската унија како полунезависна држава. Целосна незавосност Лаос прогласил во 1954 и станала уставна монархија.

Лаос бил вовлечен во Виетнамската војна и источниот дел од земјата бил окупиран и контрлиран од Северновиетнамската Армија, чијашто територија ја користеле за тренинг и за снабдување на залихи за војната со Јужен Виетнам. Како резултат на тоа САД го поддржувал Јужен Виетнам и биле против комунистичкиот режим во Лаос. Тоа бил повод за старт на лаоската граѓанска војна помеѓу поддржувачите на монархијата и комунистичкото движење Патет Лао.

За време на граѓанската војна, Северновиетнамската армија (СВА) била на страната на комунистичкото движење во Лаос. Во 1968, СВА извела воени напади врз монархистите во Лаос. Нападите резултирале со воздушни напади од страна на САД што резултирало со голема материјална штета и голем број загубени човечки животи.

Во 1975 година, комунистите на Патет Лао, поддржани од Советскиот Сојуз и СВА, ги симнала од власт монархистите и на 2 декември 1975 година кралот Саванг Ватхана го напуштил престолот. По преземањето на целосната власт во Лаос, Патет Лао го сменил името на државата во Лаоска Народна Република

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Карта на Лаос
Панорама на Ван Виенг

Лаос е земја во Југоисточна Азија и не излегува на море. Лаос е претежно планинска земја со многу шуми и најголем врв во Лаос е Поу Бија со 2.817 м. Границата со Тајланд е по природен пат, поточно реката Меконг ја формира границата во поголем дел. Со Виетнам се дели планинскиот венец Анамите.

Климата во Лаос е тропска и монсунска. Има дождлива сезона од мај до неомври, а потоа следи сушен период од декември до април. Според локалните верувања и традиции, постојат три сезони во Лаос и тоа се: дождлива сезона, ладна сезона и топла сезона.

Најголем и главен град на Лаос е Виентијан, а додека останати поголеми градови во Лаос се: Луанг Прабанг, Саванахет и Пахе.

Во 1993 година, владата направи 21% од вкупната територија на Лаос Национален биолошки конзервативна површина, што е претходник на можниот иден Национален Парк во Лаос.

Лаос е татковина на индокинескиот тигар, гигантскиот гаур и азискиот слон. Различен број на животни биле откриени или повторно откривани во последните години. Меѓу нив се анимитскиот зајак, саолата, и најскорешно откритие е карпестиот стаорец или ха-нјоу.

Лаос е една од четирите земји што спаѓаат во таканаречениот регион „Златен Триаголник“- регион каде се одгледува опиум.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Лаос е земја со еднопартиски систем. Единствената правна политичка партија во земјата е Лаоска Народна Револуционерна Партија. Претседател на Лаос е Чумали Сајасон, што воедно е и водач или генерален секретар на партијата. На чело на владата е премиерот Буасон Бупхаванх. Политиките на земјата се определени од партијата преку сите нејзини политички сили и преку централниот комитет на партијата. Во создавањето на политиките важен е и Советот на Министри на Лаос.

Првиот устав на Лаос бил напишан на 11 мај 1947 година и според него, Лаос требало да биде независна држава во рамките на француската унија. Уставот бил напишан на француски. Овој устав повторно бил препишан на 11 мај 1957 година кога се отфрлила француската унија, иако се одржале тесни фрски со Франција. Овој устав сосема бил напуштен во 1975 година кога се создала единствената политичка партија во Лаос и нов устав се усвоил во 1991.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Лаос се дели на покраини (лаоски: ແຂວງ, „квенг“) и 1 префектура („кампенг након“), покрај општината (ນະຄອນຫຼວງ, „након луанг“) на главниот град Виентијан.[3]

Покраините пак, се делат на окрузи („муанг“) и села („баан“).

Карта на покраините во Лаос
Покраини
Префектура

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лаоската економија е многу зависна од странски инвестиции и трговија со соседните земји Тајланд, Виетнам и особено со Кина.

Поголемиот дел од Лаос е со лоша инфраструктура. Лаос има железница, освен кратка поврзаност на Виентијан со Тајланд. Главната патна мрежа ги поврзува градовите но додека селските населби се поврзани со неасфалтирани патишта. Има ограничена надворешна и внатрешна телекомуникација, но мобилната мрежа се користи во голем процент. Во рурални предели нема електрична енергија или пак се доставува во одредени термини. За поголеи одредишта се користат камиони за транспорт.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Верници во Лаос
Будисти
  
79,3 %
Лаоска народна религија
  
30,7 %
Католици
  
1 %
Протестанти
  
0,5 %
Други
  
1,8 %

Население[уреди | уреди извор]

Лаошанка во традиционална облека

69% од населението на Лаос се етнички Лаошани. Тие се автохтон народ на таа територија и политичка, културна и социјална доминантна етничка група. Лаошаните припаѓаат во грпата на народи со тајландски јазици, што се преселиле на таа територија во првиот милениум н.е. 8% проценти од останатити се странски народи, што заедно со Лаошаните ја формираат групата Лао Лум.

Покрај Лаошаните, во државата исто така живеат и: Хмонги, Јаосци, Даосци, Шанци и останати тибетско-бурмански народи. Покрај овие, постојат и планинските народи Луанци и Хмуци што се староседелци на Лаос. Денес, Луанците се загрозен народ и се пред исчезнување. Сите овие народи се познати како „планински Лаошани“, додека во јужниот дел на земјата народот е познат како „низински Лаошани“.

Религија[уреди | уреди извор]

Статуа на Буда

Доминантна религија во Лаос е теравада будизам што зедно со анимизамот присутен во северен Лаос, се двете религии што мирно опстојуваат во Лаос. Исто така, има мал број на христијани во Лаос, во близина на Виетнам и муслиманско население што живее во близина на Мјанмар. Христијанското мисионерство е поддржано од владата на Лаос.

Според проценти, религиските групи се следните: 67% се будисти, 1.5 се христијани и 31.5 % се неизјаснети.

Јазик[уреди | уреди извор]

Официјалниот и доминантен јазик во државата е лаоски јазик, тонски јазик од групата на тајландски јазици. Писмото е засновано на кмерското писмо што го користи кмерскиот јазик. Покрај лаоски, во Лаос се зборува и француски јазик и се користи за трговија и во владата, се учи во училишта. Англискиот јазик сè повеќе се изучува во последните години.

Култура во Лаос[уреди | уреди извор]

Будизмот имал силно влијание врз културата во Лаос. Тоа се рефлектирало низ вековите преку јазикот, храмовите, уметноста, литературата и слично. Многу елементи од лаоската култура се однесуваат и се поврзани со будизмот. На пример, лаоскиот традиционален инструмент е хаен, вид на инструмент од бамбус и има праисториско потекло. Хаенот е пропратен со пејач и доминантен стил на музика во Лаос.

Оризот во Лаос има културно и религиозно значење. Има многу традиции и ритуали поврзани со него.

Музика во Лаос[уреди | уреди извор]

Најпознат лаоски инструмент е хаената. Тоа е инструмент изработен од бамбусови цевки и е доста стар инструмент.

Лаоската народна музика се вика лам и тоа е пеење пропратено со звуците од хаената. Лаоскиот класичен оркестар може да се подели на две категории, сеп нјаи и сеп нои. Сеп Нјаи е церемонијална и формална музика и вклучува два сета на гонга, ксилофон, обоа и тапани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Laos“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. Statoids

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Општи информации