Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн

Координати: 54°20′06″N 10°09′11″E / 54.335° СГШ; 10.153° ИГД / 54.335; 10.153
Од Википедија — слободната енциклопедија
Седиштето на Ландтагот во Кил
Внатрешноста на парламентот

Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн (германски: Schleswig-Holsteinischer Landtag) — покраински парламент на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Заседава во покраинскиот главен град Кил и моментално се состои од 69 членови од шест политички партии. Негови главни надлежности се во образованието, културата, регионалното планирање и домашната политика. Моментално мнозинство има коалицијата предводена од Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и SSW, која ја поддржува владата на министерот-претседател Торстен Албиг.

Ландтагот одржува партнерства со парламентот на Западнопоморското Војводство, обласната дума на Калининградската Oбласт и парламентот на Поморското Војводство.

Седиште[уреди | уреди извор]

Од 1950 година, Ландтагот заседава во Покраинската куќа (Landeshaus) во Кил, која била изградена во 1888 година како Кралска поморска академија. До 1950 година, Ландтагот заседавал во Либек, Фленсбург и Екернферде, покрај во Кил. Од неговата обнова во 2003 година, Ландтагот поседува нова плернарна сала во објектот.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Распределба на местата во Ландтагот

По изборите на 6 мај 2012 година, составот на Ландтагот е следен:[1]

Партија Места
Христијанска демократска унија (CDU) 22
Социјалдемократска партија (SPD) 22
Зелени (Die Grünen) 10
Слободна демократска партија (FDP) 6
Пиратска партија 6
Изборен сојуз на Јужен Шлезвиг (SSW) 3

Изборите се спроведуваат користејќи го пропорционалниот изборен систем, каде се потребни освојување на минимум од 5% од гласовите за да се добие место во Ландтагот. Ова правило не важи во случајот на Изборниот сојуз на Јужен Шлезвиг, кој ги претставува данското и фризиското малцинство во Шлезвиг-Холштајн и со тоа е исклучок од правилото на 5%.

Претседатели на Ландтагот[уреди | уреди извор]

Досега, претседатели на Ландтагот на Шлезвиг-Холштајн биле:

  • 1946 - 1946 Паул Хусфелт (CDU)
  • 1946 - 1954 Карл Рац (SPD)
  • 1954 - 1959 Валтер Бетхер (CDU)
  • 1959 - 1964 Клаус-Јоахим фон Хајдебрек (CDU)
  • 1964 - 1971 Паул Ролоф (CDU)
  • 1971 - 1983 Хелмут Лемке (CDU)
  • 1983 - 1987 Рудолф Тицк (CDU)
  • 1987 - 1992 Лијане Паулина-Мирл (SPD)
  • 1992 - 1996 Уте Ердзик-Раве (SPD)
  • 1996 - 2005 Хајнц-Вернер Аренс (SPD)
  • 2005 - 2009 Мартин Кајенбург (CDU)
  • 2009 - 2012 Торстен Гертс (CDU)
  • од 5 јуни 2012 Клаус Шли (CDU)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјални резултати“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-23. Посетено на 2014-08-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

54°20′06″N 10°09′11″E / 54.335° СГШ; 10.153° ИГД / 54.335; 10.153