Прејди на содржината

Ландкројцер П. 1000 Стаорец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модел на П. 1000 Стаорец

Мал модел на П. 1000 Стаорец спореден со модел на автобус

Ландкројцер П. 1000 Стаорец Landkreuzer P. 1000 Ratte
Општи одлики
Посада 20+
Должина 35.00 m
Широчина 14.00 m
Висина 11.00 m
Тежина 1800 тони
Оклоп и наоружување
Оклоп 150 - 360 mm
Главно наоружување 2 280 mm 54.5 SK C/34
Споредно наоружување 1 128mm KwK 44 L/55
8 20mm Флак38
2 15mm MG 151/15
Подвижност
Погон 8 Дајмлер-Бенц MB501 20-цилиндарски бродски дизел мотори
или 2 MAN V12Z32/44 24-цилиндарски бродски дизел мотори
16,000 или 17,000 КС
Амортизација
Патна брзина 40 км/ч
Моќ/тежина
Достиг ?

Ландкројцер П. 1000 Стаорец (Landkreuzer P. 1000 Ratte) требал да биде гигантски тенк во Германија за употреба во Втората светска војна. Бил осмислен во 1942 од Круп со дозвола од Адолф Хитлер, но проектот бил откажан од Алберт Шпер следната година и ниеден не бил произведен. Со преку 1800 тони (милион и осумсто илјади килограми), овој тенк би бил преку пет пати потежок од Панцер VIII Маус, најголемиот произведен тенк.

Предвидените главни оружја биле 280-милиметарски топови на куполи од ист тип како кај борбените бродови од Гнајзенау класа. Една купола била направена пред откажувањето на проектот, но по тоа била монтирана за одбрана во Норвешка. Други топови би биле 128-милиметарски топ, осум 20-милиметарски Флак38 противвоздушни топови и два 15-милиметарски топа Маусер MG 151/15 .

Тенкот требал да има шест 1.2-метарски гасеници, три од секоја страна. Погонот требал да биде два 24-цилиндарски бродски дизел мотори MAN V12Z32/44, секој со сила од 8500 КС или осум Дајмлер-Бенц MB501 20-цилиндарски бродски дизел мотори, секој со 2000 КС, за достигнување на потребните 16000 КС за придвижување на тенкот.

Пред откажувањето на проектот, било планирано и едно потешко возило, П. 1500 „Чудовиште“. Ова требала да биде самоодна варијанта на 800-милиметарскиот опсаден топ Шверер Густав (или Дора).

П. 1000 Стаорец со посада

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]