Ламија Тановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ламија Тановиќ (Зеница, Босна и Херцеговина, 22 април 1947 година)[1] е универзитетски професор по атомска и јадрена физика и физика на цврста состојба, член на Европската академија на науките и уметностите, почесен професор во Сараево.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ламија Тановиќ отсекогаш била најдобриот ученик во училиштето. Била вредна и амбициозна, но била и вешто и живо дете, се занимавала со гимнастика и во 60-тите била трета во БиХ, играла и ракомет и глумела во Пионерскиот театар во Зеница, каде што е родена и израсната. Во средно училиште, нејзиниот професор по физика забележал дека е многу талентирана за физика и дека требало да го прави тоа. Затоа решила да се запише на Природно-математичкиот факултет во Сараево, насока физика.[3] Потоа се запишала на магистерски и докторски студии од областа на физиката на Универзитетот во Белград, во поранешна Југославија.[4] Ламија Тановиќ предавала механика, термодинамика, молекуларна кинетичка теорија, оптика, атомска физика, јадрена физика, физика на цврста состојба и експериментални методи по модерна физика на Универзитетот во Сараево, каде што работела како професор од 1973 година магистрира во Винча, Белград, заедно со нејзиниот сопруг Ненад Тановиќ. Областа со која се занимавала била физика на јонизиран гас и физика на плазма. Професорката Тановиќ извесно време живеела и во Данска, Шведска и Англија, но сепак се вратила во Сараево, каде живее и денес.

Семејството[уреди | уреди извор]

Ламија Тановиќ е мажена, мајка на две ќерки. И двете тргнаа по сосема поинаков пат, се одлучиле за англискиот јазик. Помладата е во Америка, каде што ја завршува својата теза, додека постарата е искусен симултан преведувач.[3]

Хоби[уреди | уреди извор]

Ламија има неколку хоби, како што се скијање, шиење и читање.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lamijom Tanović: Meni je u BiH uvijek bilo najljepše“. Nezavisne novine. Посетено на 9. 3. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Lamija Tanović Atomic and Nuclear Physicist“. Humanityinaction. Посетено на 9. 3. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Lamija Tanović-Profesorica za sva vremena“. Ladies in. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 9. 3. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Lamija Tanovic“. European Academy of Sciences - EurASc. Посетено на 9. 3. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)