Лазо Хаџи Поповски
| Лазо Хаџи Поповски | ||
| Роден | 17 март 1917
Битола, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 27 февруари 1999
Битола, Македонија | |
Лазо Хаџи Поповски (17 март 1917 , Битола – 27 февруари 1999 , Битола) — припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија, чевларски работник.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Лазо Хаџи Поповски е роден во Битола на 17 март 1917 година. Се вклучил во прогресивното работничко движење во Битола од пред Втората светска војна, а по 1938 година бил особено активен, кога станал и секретар на Чевларската секција на УРС (Удружени раднички синдикати, всушност прокомунистичките синдикати во кралска Југославија). Кон крајот на 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија.[1]
Учество во НОБ
[уреди | уреди извор]Од 1941 година бил член на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Еден од организаторите на Илинденската демонстрација во Битола во 1941 година кога ги изработувал транспарентите кои демонстрантите ги носеле низ битолските улици. Од есента 1941 година бил одговорен за техниката и илегалците. Во почетокот на 1942 година станал член на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Битола, а заради искомпромитираност во врска со убиството на полицискиот началник Александар Ќурчиев, по 15 април 1942 година бил испратен на партиска работа во Прилеп, па во Егејскиот дел на Македонија за поврзување со Комунистичката партија на Грција и на крајот во Скопје, Куманово и Битола. Подоцна бил назначен за заменик политички комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ и заменик политички комесар на Втората оперативна зона на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.[1]
По војната
[уреди | уреди извор]По војната извршувал разни општествени и политички раководни должности.[1] Од 3 август 1945 до 10 јануари 1946 година бил градоначалник на Битола.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Литовски, Александар (27.2.2023). „На денешен ден почина Лазо Хаџи Поповски, учесник во НОБ“. Апла. Посетено на 25 јули 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)