Лазо Поплазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лазо Поплазаров — член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) од пред Втората светска војна.

Од 1941 година до почетокот на 1943 година бил апсен и затворан од италијанските окупаторски власти. Во летото 1943 година е назначен за командир на една вооружена единица на грчката народноослободителна aрмија (ЕЛАС), составена претежно од Македонци во Костурско. Член е на Окружното раководство на СНОФ за Костурско од 1943-1944 година. Бил уредник на весникот „Славјано-Македонски Глас“ (1943-1944).

Во 1945 година е инструктор на НОФ (Народноослободителен фронт) во Костурско, Леринско, Гуменџиско и други реони. Во 1947 година станува секретар на Главното раководство на НОФ на Македонците од Егејска Македонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Егејска Македонија во НОБ - 1949. VI. Скопје: Архив на Македонија. 1983. стр. 481. |access-date= бара |url= (help)