Лазе Најдески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазе Најдески
Роден 1919 година
Јудово, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал мај, 1945 година
близина на Загреб, Хрватска
Националност Македонец

Лазе Сарафилов Најдески ( 1919 во Јудово, Кичевско1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-чешма за борците од НОБ на Македонија од селото Јудово

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, работел во своето cелo како земјоделец. Во НОВ стапил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Учествувал во борбите за конечното ослободување на: Охрид, Струга, Кичево и Гостивар. Со Бригадата, во состав на Петнаесеттиот корпус, заминал на Сремскиот Фронт. Учествувал во борбите од Срем сè до Загреб каде загинал во борба со Германците и усташите во мај 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 86.