Лазар Еленовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лазе Еленовски)
Лазар Еленовски
Министер за одбрана
На должноста
26 август 2006 – 28 јули 2008
Претседател Никола Груевски
Претходник Јован Манасиевски
Наследник Зоран Коњановски
Лични податоци
Роден(а) 19 март 1971
Скопје, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија Социјалдемократска унија
Вероисповед Православен христијанин

Лазар Еленовски (Скопје, 19 март 1971) е амбасадор на Република Македонија во Белгија.[1] Претходно бил претседател на Социјалдемократската унија и поранешен министер за одбрана на Република Македонија, во периодот од 26 август 2006 до 28 јули 2008 година.[2]

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј каде е и студент на постдипломски студии од областа на Економски развој и меѓународни финансии.

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Основач е на НВО Млади европејци за безбедност - Македонија во 1995 година. Од март 2001 година до декември 2005 ја извршува функцијата генерален секретар на Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија, а во декември истата година е избран за претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, членка на Атлантската асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Средна Азија. Со Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија спровел повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните процеси на Македонија и за промоција на Јадранската повелба преку кампањата „Во јато кон НАТО“, спроведена во соработка со повеќе невладини организации низ земјата и локалните власти. Еден од основачите е на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа, основал и имплементирал бројни регионални иницијативи за промоција на евро и евро-атлантската интеграција на Македонија и регионот.

На функцијата заменик генерален директор на ЈСП-Скопје бил од април 2001 до мај 2005 година. Од февруари 2005 година бил член на работната група на македонската Влада за формулирање на Комуникациската стратегија за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

По предвремените парламентарни избори во 2008 година, поради незадоволство што НСДП ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, Лазар Еленовски, Веле Митановски и Вера Рафајловска ја напуштаат НСДП и на 21 јуни 2008 година ја формираат Социјалдемократската унија.[3] За претседател на партијата е избран Еленовски. На оваа функција останува до Вториот конгрес на партијата, во јуни 2012 година,[4] по што заминува на функцијата амбасадор на Македонија во Белгија.

Покрај македонски, Еленовски зборува албански, англиски, српски и хрватски јазик. Оженет е и татко на две деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Јован Манасиевски
Министер за одбрана на Република Македонија
2006–2008
Наследник
Зоран Коњановски