Прејди на содржината

Лазар Тодев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Тодев
Тодев во 1886 г.
Роден(а)Лазар Николов Тодев
1853
Банско, Отоманска Македонија
Починал(а)1898
Софија, Кнежевство Бугарија
УстановаСолунска машка гимназија
ДецаДимитар Лазаров
Првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија, 1886 г.

Лазар Тодев, роден Лазар Николов Тодев (Банско, 1853Софија, 1898) — македонски револуционер, трговец и просветител од XIX век.[1] Дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија, учесник во Македонското востание. Татко на Димитар Лазаров.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лазар Тодев е роден во 1853 година во градот Банско, тогаш дел од Отоманското Царство, денес е дел од Пиринска Македонија. Неговиот татко бил Никола Тодев, трговец и општественик од истото село. Лазар Тодев потекнува од големиот бански род Тодеви. За основно образование тој учи во неговиот роден град и покасно во грчкото училиште во Мелница. За неговото гимназиско образование тој отидол во Серската турска гимназија но после се преселува во Солун да учи во Солунската машка гимназија, во 1886 година станува дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.[1]

После Руско-турската војна Лазар Тодев учествува во Македонското востание меѓу 1878 и 1879 година. После задишувањето на востанието тој почнува да работи како трговец заедно со неговиот татко. Отвориле трговски центри во Кавала, Сер и подоцна во австроунгарската столица Виена.[1]

Во 1894 година прекинува со неговите трговски дејства и повторно се враќа во Банско, каде е одбран како претседател на Банската бугарска општина, општина создадена од Бугарската егзархија со цел да ја ширела нејзината пропаганда врз македонското население. Лазар Тодев бил иницијатор за купување камбани за храмот „Света Троица“ во Банско.[1]

Во 1897 година заминува за Софија, каде што повторно почнува со неговите трговски дејства, но починува во 1898 година поради непознати причини. Татко е на македонскиот револуционер Димитар Лазаров.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 331. ISBN 954-90006-2-1.