Лазар Симов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лазар Симов (Тетово, 1907Скопје, 1998) бил македонски градежен инженер и поранешен редовен професор на Градежниот факултет во Скопје[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Симов бил роден во Тетово во 1907 година. Бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје од 1961 година, па се до неговото пензионирање во 1977 година. Предавал по предметите од областа на дрвените и масивните конструкции. Дипломирал во Белград во 1932 година, а од 1933 бил на служба во разни делови на Македонија.

На Техничкиот факултет бил од основањето во Одделот за градежништво. Бил основоположник на Катедрата за дрвени и масивни конструкции. Бил и декан на Техничкиот факултет од 1957 па до 1961 година. Особено се значајни неговите постигнувања во обновата на постземјотресно Скопје и на вијадуктите на автопатот Е-75 на делниците СкопјеВелес и Демир КапијаУдово, како и на мостовите меѓу Удово и Гевгелија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2.