Лазар Китаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лазар Китановски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лазар Китаноски
Министер за одбрана
На должноста
29 мај 1997 – 1 декември 1998
Претходник Благоја Ханџиски
Наследник Никола Кљусев
Лични податоци
Роден(а) 25 април 1948
Охрид, СФРЈ
денес Македонија
Починал(а) 19 мај 2011
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Вероисповед Православен христијанин

Лазар Китаноски (25 април 1948 во Охрид - 19 мај 2011 во Скопје) — македонски правник, универзитетски професор и Министер за одбрана на Република Македонија (1997-1998). Основното, средното образование и Правниот факултет ги завршил во Скопје. Во 1975 бил избран за помлад асистент на предметот социологија на Правниот факултет во Скопје. Во 1981 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од областа на социолошките науки. Темата на магистерскиот труд е од областа на структуралната социологија со наслов „Социолошкиот аспект во сфаќањата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс за поделбата на трудот“.

После магистрирањето својот интерес го насочува кон социолошко-политиколошката област. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1995 година со одбрана на темата: „Социолошките аспекти на политичките процеси во Македонија и функционирањето на моделот на парламентарната демократија“.

Бил член на редакцијата на списанието „Дијалог“, секретар на Здружението за социологија на Република Македонија и еден од основачите на Форумот за човекови права на Македонија.

Во текот на својот научен развој, неговиот придонес особено е насочен и забележлив во областа на теоретската социологија и прашањата на факторите на глобалната структура. Ги истражува теориите и односите помеѓу глобалната структура и правно-политичкиот потсистем. Следна област на интерес е феноменот на политичкиот систем и функционирањето на парламентарната демократија во Република Македонија.

Покрај многубројни текстови автор е и на две книги: Класиците на марксизмот за поделба на трудот и Поделба на власта (законодавна и политичко-извршна).

Неговата педагошка и наставна дејност на Правниот Факултет во Скопје се остварува преку предавања по предметите: социологија на правото, политичка социологија и политички партии и интересни групи.

Китаноски почина во Скопје на 19 мај 2011 година.[1]

Почитичка кариера[уреди | уреди извор]

Д-р Китановски беше член на СДСМ од неговото основање, директор нa Агенцијата за разузнавање[2], и поранешен Министер за одбрана на Република Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]