Лазар Доjaмов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lazaros Doiamas.PNG
Роден Баровица, денес Грција
Починал 24 август 1912
Баровица, денес Грција

Лазар Дојамов, исто наречен Баровишки (Μπαροβίτσαλης), Дyјама (Δουγιάμα) или познат како Лазос Доjaмас (Λάζος Δογιάμας, или Λάζος Δογιάμα), бил од македонско потекло кој застанал на страната на грчката кауза и учествувал во борбата за Македонија како андартски капетан. Борбата за Македонија.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Во ВМОРО[уреди | уреди извор]

Четата на Лазар Дојамов.

Лазар е роден во семејството на Христо и Гилја Ангелики Дојамови во гуменџиското село Баровица, денес во Кастанаери, Грција. Знаел да пишува на бугарски и грчки јазик. Лазо имал тројца браќа - Гоно (Гонос), Димитар (Митрос) и Трајан (Трајанос), како и една сестра Марија.

Трајан станал нелегален и се вклучил во чета на Македонската револуционерна организација, а подоцна му се придружил и Лазар.

Турците ги уапсиле Гоно и Димитар, меѓутоа тие успеале да изабегаат и да се приклучат на своите браќа.

Грчки војвода[уреди | уреди извор]

Гоно Јотов, Александрос Мазаракис, Лазар Дојамов, Апостолис Матопулос во Кулакија во 1908 година.

Со засилувањето на грчката воружена пропаганда, Лазар со своите браќа Димитар и Гоно и влегле во андартската чета на Михаил Мораитис (капетан Кодрос).

Во декември 1904 година чета на Македонската револуционерна организација го обесила братучедот на Лазар Константин Дојамов меѓу селата Горгопик и Бојмица.

На 19 мај 1905 година четата на капетан Мораитис дошла во судир со аскерот меѓу Црна река и Баровица. Во бворбата загинале Мораитас и неговиот заменик Спирос Франгопулос, а повеќето од андартите биле заробени.

По уништувањето на оваа чета, Кодрос Лазар Дојамов станал самостоен капетан и заедно со четата на Христо Карапанос ја обиколувал Пајак планина.

Во околината на Ениџевардарското езеро, Лазар со својата чета од 7 души првпат се појавил на 3 ноември 1905 година и започнала борбата со Апостол Петков.

Во летото 1906 година Лазар го убил турскиот бег Ќосе Емин кој имал врски со Македонската револуционерна организација.

Власта го уапсила неговиот брат Трајан кој сеуште ја држел страната на Македонската револуционерна организација, а подоцна бил интерниран во Софија и таму Трајан бил убиен поради неговата коресподенција со својот брат Лазар.

Лазар заминал во Софија да му помогне на својот брат но по убиството се вратил во Баровица и формирал нова андартска чета составена од родини и пријатели.

На 8 јануари 1907 година Горгопик и почнал да агитира меѓу селаните да се откажат од Бугарската егзархија и да преминат кон Цариградската патријаршија.

Во почетокот Лазар имал потешкотии да го убеди Елиномакедонскиот комитет дека не е на страната на македонското револуционерно движење и во Кулакаија имал средба со Гоно Јотов и грчкиот конзул од Солун Александрос Мазаракис. Оваа средба била во мај 1907 година и за малку турските власти ќе ги фатела Лазар, Гоно Јотов и грчкиот конзул.

На 13 јули 1907 година четата на Лазар имала судир со аскерот во Баровица. Андартската чета на Лазар била предадена од јатакот на Апостол Петков-Христо Танче Кахајата.

Лазар и неговата андартска чета имала неколку борби со четите на Македонската револуционерна организација. На 15 март 1907 година имал борба со војводата Боре Саракинов, во ноември 1907 година имал сборба со Апостол Петков во селото Крива, во борбата бил ранет Димитар Дојамов, на 15 мај 1907 Лазар имал судир со војводата Тодор Георгиев, на 15 јуни 1908 со Ичко Василевски, а на 22 јуни 1908 година со Иван Гелев.

Во пролета 1908 година имал борба со четата на Тодор Груев. Заедно со четата на Лазар дејствувала и четата на брат му Димитар со псевдоним Бика.

По Младотурската револуција[уреди | уреди извор]

Четата на Лазар Дојамов.

По Младотурската револуција Лазар и Гоно Јотов се одвлечени од Елиномакедонскиот комитет во Атина.

Во септември 1910 година тие успеале да избегаат и да се вратат во Македонија, а таму веќе дошло до обнова на дејствувањата од страна на грчката воружена пропаганда и Македонската револуционерна организација.

Дојмов со чета од 8 души се установил во околината на Гуменџе. Истовремено во периодот меѓу 2 и 9 мај четите на Македонската револуционерна организација имале два неуспешни обида за ликвидација на Гоно Дојамов, при вториот обид Гоно се спасил благодарение на грчката милиција од Гуменџе и четата на братму Димитар.

По смрта на Гоно Јотов во февруари 1911 година, Солунското конзулартство го испратило Лазар во Атина, меѓутоа тој во мај повторно избегал и се вратил во Македонија.

На 24 август 1912 година Лазар со двајца свои четници, се сретнал меѓу селата Баровица и Црна река со Ичко Димитров - војвода на Македонската револуционерна организација и неговиот четник Данко (Видов), целта на оваа средба било да се постигне договор за примирје, меѓутоа Лазар наишол на заседа во која загинал зедно со Атанасиос Бецос от Гуменџе.

Телото на Лазар било закопано во неговото родно село Баровица. Во 1967 година на централниот плошатад во Гуменџе биле подигнати споменици на Гоно Јотов и Лазар Дојмов.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]