Лазар Апостоловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лазар Апостолов)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Lazaros-Apostolidis3.jpg
Роден 1886
Жупанишча, Костурско
Починал 1920
Истанбул


Лазар Апостоловски (грчки: Λάζαρος (Λάζος) Αποστολίδης, Лазарос (Лазос) Апостолидис) — андарски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Апостоловски е роден во 1886 година во гркоманско семејство во Жупанишча, Костурско [1]. Се вклучил во редовите на Елиномакедонскиот комитет и зел учество во Борбата за Македонија.

Четата на Апостоловски (третиот). Фотографија на Леонидас Папазоглу.

Во почетокот бил четник при костурскиот капетан Аристидис Маргаритис и како таков учествувал во нападот на Езерец. Подоцна станал самостоен капетан. По Илинденското востание заминал за Грција.

Во јули 1905 година како андарстки капетан зеднос со критјанинот Илијас Делијанакис се вратил во Македонија и кај селото Кондороби имал судир со Костандо Живков, војвода на Македонската револуционерна организација, а судири имал и со војводите Киријак Шкуртов, со Пандо Сидов кај Изглибе на 4 февруари 1908 година [2] и со Наум Петров кај Мангила.

Раководителот на грчкиот комитет во Битола, огранок на Елиномакедонскиот комитет, Јон Драгумис му наредил да ликвидира двајца раководители на Македонската револуционерна организација во Жупанишча, Нако Писицов и Стерјо Довениотов во Мањак.

Печати на Апостоловски.

Лазарос својата дејност ја продолжил и по Младотурската револуција. Во текот на Првата балканска војна зедно со капетанот Георгиос Макрис учествувал во спасувањето на Богатско. Во Љапчишта бил поставен на чело на еден одред од 300 души и учествувал во битката кај Сачишта. Со својата чета учествувал во заземањето на Бигла и Горица (Корча).

Учествувал во грчките опреции во северен Епир во текот на 1916 година и во битката со Албанците кај Москополе на 16 октомври 1916 година [3].

Починал во 1920 г. во Истанбул.

Во 1960 година во Костур е подигната негова статуа [4], а една улица е именувана по него.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Спомени на Пандо Сидов в: „Борбите в Македония и Одринско (1878 - 191). Спомени“, Български писател, София, 1981, стр. 647.
  2. Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς / Ζε και Ι
  3. Λάζος Αποστολίδης
  4. "Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.