Прејди на содржината

Лазар Алексиев Мирчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Алексиев Мирчевски
Лазар и Нестор Мирчевски во Крушево, 1903 г.
Роден(а)1884
Осој, Дебарско
Починал(а)1963
Софија, НР Бугарија
НационалностМакедонец
Занимањекопаничар
Значајни делаво текстот
ДецаМихаил, Александар
РодителиАлексо Мирчев (татко)
РодниниБраќа:

Лазар Алексиев Мирчевскимакедонски копаничар, еден од последните претставници на Дебарската школа.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лазар Алексиев е роден во село Осој, Дебарско, околу 1884 г.[1] Правнук е по мајчина линија на Иван Филиповски, брат на Петре Филиповски, од големиот гарски копаничарски род Филиповци, а по таткова е внук на Мирче Деспотов и син на Алексо Мирчев.

Татко му се преселил во Софија. Заедно со брат му Нестор Алексиев Мирчевски, работел мебелна резба, тавани, иконостаси и друго. Од 1899 до 1902 г. Нестор Алексиев работел со Лазар во Бер, Егејска Македонија — иконостасите во манастирите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Атанасиј“ над Бистрица и резби во „Св. Антониј Нов“.[2] Со брат му по цена од 45 златни наполеони го обновил иконостасот на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Пазарџик кој настрадал во пожар, а бил дело на Макариј Фрчковски.[2] Нивни се и иконостасите во „Успение на пресв. Богородица“ во Новачене[2] и „Вознесение Христово“ во битолското село Брусник (1903), уништен во Првата светска војна.[2] По Илинденското востание во период од три години двајцата браќа работеле на нов иконостас како замена за изгорениот иконосас на храмот „Св. Јован Крстител“ во Крушево.[2] Потоа тие се разделиле, и Лазар останал во Крушево сè до 1908 г.[2]

Во 1909 г. пристигнал во Бугарија и ѝ се приклучил на тајфата на соселанецот Петар Јосифов, со која работел на иконостасите на „Св. Јован Претеча“ во Брацигово и „Воскресение Христово“ во софиско Челопечене.[2] Следната 1910 г. со Иван Травницки го работел иконостасот на храмот „Св. Петка“ во Софија, за која ги изработил сите столбови.[2]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. Лазар Алексиев бил доброволец во Македонско-одринскиот полк и служел во чета бр. 39 на војводата Методиј Стојчев од Крушево.[3][4]

Во 1914 г. со брат му Нестор го започнале иконостасот на „Св. Никола Софиски“ во Софија по проект на Антон Торњов и Стефан Баџов, каде Нестор бил главен изведувач. Иконостасот е завршен до фронтонот во 1919 г., а фронтонот со распетието е дело на Иван Травницки.[2]

На 10 март 1943 г. като жител на Софија поднел молба за бугарска народна пензија, која му е одобрена.[4]

Починал во 1963 г. во Софија.[5]

Родословие

[уреди | уреди извор]
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Младен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Деспот Младенов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Тримче Деспотов
 
 
Дуко Деспотов
 
 
 
Георги Деспотов
 
 
Мирче Деспотов
(1802  1883)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Блаже Тримчев
 
 
 
Мане Тримчев
 
 
Коста Мирчев
 
 
 
 
 
Гаврил Мирчев
 
 
 
 
 
Алексо Мирчев
(1835  1906)
 
Елена Филипова
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ламбе Костов
 
Трајче Костов
 
Израил Гаврилов
 
Мирче Гаврилов
 
Нестор Алексиев
(1878  1969)
 
 
 
Мафе Алексиев
 
 
 
Лазар Алексиев
(1884  1963)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Миле Несторов
 
Борис Несторов
 
Михаил Несторов
 
Тодор Несторов
 
Александар Несторов
 
Михаил Лазаров
 
Александар Лазаров
  1. Во 1912 г. при стапувањето во Македонско-одринскиот полк имал 28 години.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 255.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 17. ISBN 954-9800-52-0.
  4. 1 2 Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 152. ISBN 978-619-9208823.
  5. „Парцел 47“. София помни. Посетено на 9 април 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]