Лазарка (растение)
| Лазарка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Астериди |
| Ред: | Линцуровидни |
| Семејство: | Броќови |
| Род: | Еноец |
| Вид: | Лазарка |
| Научен назив | |
| Galium odoratum (L.) Scop.[1] | |
| Синоними[2] | |
| |

Лазарка или мирислив броќ (латински: Galium odoratum)[3] е повеќегодишно тревно растение. Поранешното професионално име (базионим) на ова растение е.[4][5][6] Цветниот период е од мај до јуни.
Опис
[уреди | уреди извор]Стеблото е исправено, високо до половина метар, без влакна. Листовите се во облик на прст, од 6 до 8 листови содржат. Обликот на листот е ланцелатен, со трн на врвот, не назабени, неподвижни, со големина од неколку сантиметри.[7] Цветовите се многу мали, бели, со интензивен мирис и се организирани во групирани соцветија . Бројот на прашниците е 4. Семето е со поделени плодови, составени од 2 плодници со бројни влакна.[7]
Ареал распрострањења
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во Европа, некои области на Азија и Северна Америка.[7]
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Густи шуми, со многу хранливи материи.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името Галиум потекнува од зборот гала, односно млеко на грчки јазик, бидејќи ова растение се користело како средство за добивање млечни производи, додека odoratum, латинска придавка, значи мирисна.[7]
Употреба и лековитост
[уреди | уреди извор]Сувото растение се користи како зачин. Се користи и како диуретик, антисептик и против мигрена.[7] Семето може да се користи за правење пијалаци.[7] Лазарката во народната медицина народот ја употебувал против астма, кашлица, бронхит и грип. Ја користеле и како средство за подобрување на апетитот, за болести на жолчката и црниот дроб. Се користела и како лек за несоница, хистерија и мигрена и друго.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Galium odoratum
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Galium odoratum“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 16 мај 2008. (англиски)
- ↑ „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. apps.kew.org.[мртва врска]
- ↑ „Galium odoratum (L.) Scop“. www.gbif.org (англиски). Посетено на 2022-03-06.
- ↑ „Galium odoratum“. White Flower Farm.
- ↑ „Sweet Woodruff - Monrovia - Sweet Woodruff“. www.monrovia.com.
- ↑ „Royal Horticultural Society (London UK)“.
- 1 2 3 4 5 6 „Lazarkinja (Galium odoratum)“. Plantea (хрватски). 2015-04-23. Посетено на 2019-08-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Лазарка (растение) на Ризницата ?- „Лазарка“ — Енциклопедија на живиот свет

- Лазарка на Ботаничката градина во Мисури
| ||||||||||