Прејди на содржината

Лазарева Ледена Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЛЛП во рамките на Антарктик
ЛЛП
Местоположба на плочата

Лазарева Ледена Плоча (руски: Шельфовый ледник Лазарева, англиски: Lazarev Ice Shelf) — дел од ледената плоча на границата на Брегот на Принцезата Астрид во Земја на Кралицата Мод на Антарктикот. Сместена е меѓу островите Ленинградски и Вербљуд. Лежи на западниот дел на Рисер-Ларсеновото Море и долг е околу 90 км, при што на неговиот западен раб е ’ртот Разлом.

Плочата за првпат е снимена од воздух и картиран на Третата германска антарктичка експедиција од 1938–39 г. Понатаму е истражен и картиран од Советската антарктичка експедиција во 1959 г. и наречен по поларниот истражувач Михаил Лазарев (1788 – 1851).[1]

’Ртот Опорни е леден ’рт долж западната страна на Лазаревата Ледена Плоча, околу 28 км северно од островот Ленинградски. Наречен е Опорни („потпорен“) бидејќи тука ледената плоча лежи на морското дно.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Лазарева Ледена Плоча“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)
  2. 'Рт Опорни“. Информативен систем за географски називи. Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)

Јавна сопственост Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од мрежните места или документи на Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)

69°37′S 14°45′E / 69.617°S 14.750°E / -69.617; 14.750