Лаење на ѕвезди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Лаење на ѕвезде“
Податотека:Lajanje na Zvezde (1998).jpg
Лаење на ѕвезди
РежисерЗдравко Шотра[1]
ПродуцентКомуна филм, Радио-телевизија Србија
МузикаВојкан Борисављевиќ
Премиера1998.
Времетраење95 мин.
ДржаваЈугославија
ЈазикСрпски јазик

Лаење на ѕвезди е српски филм првпат прикажан на 1 јануари 1998.

Опис на филмот[уреди | уреди извор]

Дејството на филомот „Лаење на ѕвезди “ се одвива во мал провинциски град во 1963. година. Јунаците на оваа духовна приказна се yчениците и наставниците од една провинциска гимнаѕија и одделението IV-2. Нивните случки се препознатливи и блиски на секој кој има претства за среношколскиот живот, ама сепак се и многу лични. Главниот јунак е Михаjло Кнежевиќ со дух, интелигенција и со знаење се издигнува меѓу останатите ученици , а често и и над професорите. Нему школското знаење не му е проблем, негов проблем е девојка од класот која непрестајно се обидува да ја освои. Главниот сопарник му е брат му, момче кое веќе знае да прави пари, па училиштето не му е потребно. Тука е и ученикот кој се расфрлува со сила и кога професорот по физичко фанатично ги тренира за боксерски шампион, сè додека не се врати во престолнината по загубен меч со свиткан опаш. Еден од учениците е обавезно „златно дете“ за професорите, а милкувач за другарите. Најмногу се оние кои поседуваат оскудно знаење и се обидуваат да го надоместат со трикови и досетки. Сликовито се претставени ликовите на професорите кои секој на свој начин, е малку „лудичок“. Нервозниот директор на школото не знае, што му е потешко дали да се справи со немирните ученици или со лудичките професори. „Учениците ќе си заминат а професорите ми остануваат“, се жали директорот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Лајање на звезде“. РТС. Посетено на 25. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]