Ладно кафе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ледено кафе послужено во „стилот на Кјото“

Ладното кафе е еден вид на кафе пијалак што се служи разладено. Кога кафето се подготвува топло, засладувачите и аромите се мешаат во топлото кафе пред ладењето, поради тоа што побрзо се раствораат во топла вода.

Ладното кафе е достапно во повеќе земји, и во повеќето кафулиња. Леденото кафе исто така е редовно достапно во повеќето кафулиња.

Историја[уреди | уреди извор]

Мазагран, ладен, засладен пијалак од кафе, кој потекнува од Алжир[1] од околу 1840 година, од локалното население е опишан како „оригиналното ладно кафе“.

Замрзнати пијалаци од кафе се документирани во 19 век.[2] Слична е и италијанското кафе, гранита ал кафе.[3]

Кафе кое е сварено потоа разладено со мраз, наречено „ладно кафе“, се појавува во менијата и рецептите кон крајот на 19 век.

Ладното кафе било популаризирано во САД во 1920 година.

Пример за начин на послужување

Варијации по земја[уреди | уреди извор]

Австралија[уреди | уреди извор]

Австралиско ладно кафе сервирано со сладолед и зрна кафе

Во Австралија, ладното кафе е млеко со вкус на кафе со многу додаден шеќер, нешто како неблендиран милкшејк. Ладното кафе се продава во Австралија комерцијално од крајот на 19 век во форма на сируп.

Во Јужна Австралија, ладното кафе ја надминало Кока-кола според продажбата.[4]

Канада[уреди | уреди извор]

Во јуни 2016 година во Канада, Студија од истражувачката фирма НПД покажала дека популарноста на ладните пијалаци од кафе се зголемила за околу 16% во однос на истиот период претходната година.[5]

Германија[уреди | уреди извор]

Германско ладно кафе со шлаг

Во Германија има различни видови на ладно кафе со сладолед. Најраспространета форма е ароматизиран млечен пијалак сличен на австралиското ладно кафе, достапен во германските кафулиња. Се состои од филтрирано, топло сварено и разладено кафе, со сладолед од ванила и шлаг одозгора. Сепак овој вид на ладно кафе ретко го има во германските супермаркети.

Грција[уреди | уреди извор]

Грчко ладно кафе, фрапе

Во Грција, популарен пијалак е фрапе, направен од инстант кафе (генерално Нескафе), вода и шеќер по избор, со употреба на електричен миксер или шејкер за да се создаде пена. Се додаваат коцки мраз, и по избор, млеко.

Јапонија[уреди | уреди извор]

Во Јапонија, ладно кафе (アイスコーヒー, aisu kōhī) се пие од околу дваесеттите години на минатиот век во кафулињата. Студениот чај веќе бил популарен, па било природно да се пие и ладно кафе.

Шри Ланка[уреди | уреди извор]

Во Шри Ланка ладно кафе се служело при специјални настани и свадби обично во попладневните часови, и содржи малку ракија, што му дава посебен вкус.

Тајланд[уреди | уреди извор]

Тајландското ладно кафе се приготвува со црно кафе, шеќер, крем, и кардамон, сервирано со мраз. Некои варијации се приготвуваат со употреба на еспресо.

Соединети Држави[уреди | уреди извор]

Многу луѓе често ставаат млеко во ладното кафе, а неодамна алтернативите на млекото како што се бадемово млеко или овесно млеко станаа исклучително популарни низ САД.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ukers, William Harrison (1922). All About Coffee. Tea and Coffee Trade Journal Company. стр. 655–656.
  2. anon., Ice-cream and Cakes: A New Collection of Standard Fresh and Original Receipts for Household and Commercial Use, Charles Scribner's Sons, 1883, p. 98
  3. K. Baedeker, Italy: Handbook for Travellers 3 (1880) p. 23
  4. [1] Other brands include Ice Break and Dare. A Vibrant Food Culture
  5. "More buyers take their coffee cold".