Прејди на содржината

Лагуна Мирим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рибари во Лагуна Мирим

Лагуна Мирим или Мерин — голема естуарска лагуна која се протега од јужната држава Рио Гранде ду Сул во Бразил до источен Уругвај. Лагуната е одвоена од Атлантскиот Океан со песочен провлак.

Во Лагуната Мирим се влеваат реките Јагуарао/Јагуарон, Такуари и Себолати, а преку каналот Сао Гонсало е поврзана со Лагоа дос Патос на север.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Лагуната Мирим е долга околу 174 километри и широка од 10 до 35 км, со вкупна површина од 3.750км². Преку каналот Сао Гонсало, кој е пловен за мали пловила, Лагуна Мирим се поврзува со Лагоа дос Патос. Лагоа Мирим нема директна врска со Атлантикот, но Рио Гранде, канал со плима и осека со должина од околу 39 километри, која ја поврзува лагуната дос Патос со Атлантикот, овозможува влез во пловните внатрешни води на обете лагуни и неколку мали пристаништа. И двете лагуни се остатоци од древна вдлабнатина на крајбрежјето, затворена со песочни плажи создадени од комбинираното дејство на ветерот и океанските струи. Иако се наоѓаат на исто ниво со океанот, нивните води подлежат на влијание на плимата и осеката и се солени само во близина на излезот кон Рио Гранде.