Лагуна Лачуа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лагуна Лачуа
Laguna Lachuá
Лагуна Лачуа Laguna Lachuá -
Место Кобан, Гватемала Гватемала
Координати 15°55′N 90°40′W
Вид Карстно езеро (сеноте)
Главен дотек Пејан
Главен истек Лачуа
Земји во сливот Гватемала
Површина 4 km²
Најг. длабочина 222 m
Надм. височина на површината 173 m

Лагуна Лачуа (шпански: Laguna Lachuá) е карстно езеро сместено во Гватемала. Сместено е во средината на национален парк кој покрива тропска дождовна шума, северозападно од Кобан, во близина на границата помеѓу департманите Алта Верапаз и Ел Квиче. Поради кружниот облик се смета дека езерото е сеноте. Езерската вода е високо сулфурна, што го објаснува и самото име на езерото: "Lachuá" кое според мајанскоит кекчи јазик "li chu há" значи "смрдлива вода". Водата содржи високо ниво на калцит.[1]

Национален парк[уреди | уреди извор]

Во 1976 површината од 145 km2 околу езерото (15°55′09″ СГШ; 90°40′23″ ЗГД / 15.919074° СГШ; 90.673084° ЗГД / 15.919074; -90.673084 (Laguna Lachuá)) била прогласена за национален парк.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Show Caves of Guatemala - Laguna Lachua“. showcaves.com.  Unknown parameter |access= ignored (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]