Лагуна Караваста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лагуна Караваста
Laguna e Karavastasë
МСЗП Категорија II (национален парк)
Karavasta Lagoon, Albania ESA374612.tiff
Поглед на лагуната од вселената
Место20 km од Лушње, Албанија
Координати40°55′39″N 19°29′55″E / 40.92750° СГШ; 19.49861° ИГД / 40.92750; 19.49861Координати: 40°55′39″N 19°29′55″E / 40.92750° СГШ; 19.49861° ИГД / 40.92750; 19.49861
Должина15,4 km (9.6 ми)
Ширина4,1 km (2.5 ми)
Површина42 km2 (16 sq mi)
Висина0 m
Воспоставен(а)1966[1]

Лагуна Караваста (албански: Laguna e Karavastasë) – најголемата лагуна во Албанија и една од најголемите на Средоземното Море, која опфаќа површина од 42 km2. Караваста е дел од Националниот парк Дивјаке-Караваста и од Јадранското Море е одвоена со голем песочен појас. Се протега низ крајбрежната низина Мизеке близу Дивјаке и некои 20 км од Лушње.

Во Караваста има многу борови дрвја и мали песочни острови. Позната е по тоа што е населена од далматинскиот пеликан. 6,4% од европските далматински пеликани се наоѓаат во Караваста..[2][3][4] Лагуната припаѓа на екорегионот на илирските листопадни шуми од медитеранските шуми и грмушки. Климата е типична медитеранска.

Лагуната се наоѓа во рамките на Националниот парк Дивјака-Караваста и е признаена како моклиште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. Лагуната била идентификувана како важно птичје подрачје од Бердлајф интернешенел, бидејќи го населува значителен број различни птичји видови.[5][6]

Бидејќи акциите за дезинфекција одамна биле запрени, подрачјето е познато дека има многу активна сезона на комарци. Во 2014 година, акциите се обновиле и почнал проект за рехабилитација на областа. Истата вклучила мораториум на лов што ги оживеало активностите на набљудување на птици.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bryophytes of the Karavasta Lagoon area, with new reports for Albania“ (PDF). bio.bas.bg. стр. 39. The coastal lagoon, and the forested areas (Forest of Divjaka) on the northwestern side of the lagoon, have been a National Park, and therefore a protected area since 1966. 
  2. „THE COASTAL GEOMORPHOLOGY OF THE SEMANI RIVER MOUTH-KARAVSTA LAGOON IN THE SOUTHERN ADRIATIC SEA“ (PDF). balkangeophysoc.gr. стр. 152. The area well known for the Dalmatian pelican colony Pelicanus crispus which numbers some 60-70 couples, which represent 5% of the total world population of this species. 
  3. „Bashkia Fier » Karavasta Lagoon“. Bashkia Fier. конс. 2010-06-29. 
  4. „ACTION PLAN FOR THE DALMATIAN PELICAN“ (PDF). ec.europa.eu. стр. 10. 
  5. BirdLife International. „Karavasta Lagoon“. datazone.birdlife.org. 
  6. Ramsar (September 11, 2014). „The list of wetlands of international importance“ (PDF) (English and Spanish). Ramsar. стр. 5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]