Лагерта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лагерта, литографија на Морис Мередит Вилијамс (1913)

Лагерта, според легендата, била викиншки воин и владетел на тоа што денес е Норвешка, и едно време жена на познатиот Викинг Рагнар Лотброк. Нејзината приказна, како што запишал хроничарот Саксо во 12 век, може да биде одраз на приказните за нордиското божество Торгерд (старонордиски : Þorgerðr Hölgabrúðr).

Етимологија на името[уреди | уреди извор]

Нејзиното име како што запишал Саксо на латински Lathgertha, е најверојатно латинизација на старонордиското Hlaðgerðr (Hlathgerth).[1]

Приказната за Лагерта[уреди | уреди извор]

Според Саксо, Лагерта живееле во долината Геула во јужна Норвешка, означена на оваа карта.

Според книгата Подвизите на Данците на Саксо Граматик[уреди | уреди извор]

Приказната за Лагерта е запишана во деветтата книга на Подвизите на Данците (латински: Gesta Danorum), во 12 век, дело на данскиот историчар Саксо Граматик[2] Според книгата (9.4.1–9.4.11), кариерата на Лагерта како воин започнала кога Фро, кралот на Шведска, ја нападнал Норвешка и го убил норвешкиот крал Сивард. Фро жените од семејството на мртвиот крал ги ставил во бордел заради јавното понижување. Слушајќи за ова, Рагнар Лотброк дошол со војска да го одмазди дедо му Сивард. Многу од жените за кои Фро наредил да бидат злоупотребени се облекле во машка облека и се бореле на страната на Рагнар. Главна меѓу нив, и клучна за победата на Рагнар била Лагерта. 

Импресиониран со нејзината храброст, Рагнар ѝ се додворувал. Лагерта покажувала лажен интерес и Рагнар пристигнал да ја побара за жена. Во долината бил нападнат од мечка и големо куче, чувар на домот на Лагерта. Рагнар ја убил мечката со своето копје и го избодел кучето до смрт. На тој начин ја освоил раката на Лагерта. Според Саксо, Рагнар имал син со неа, Фридлиф како и две ќерки, чии имиња не се запишани.

По враќањето во Данска требале да се борат во војна за превласт, Рагнар (кој, според Саксо, мислел дека Лагерта е таа што ги пуштила ѕверовите против него) се развел од Лагерта за да се ожени со Тора Боргархјорт (старонордиски: Þóra Borgarhjǫrtr), ќерка на кралот Херауд (старонордиски: Herrauðr) на Шведска. Тој ја освоил раката на неговата нова љубов после бројни авантури, но по враќањето во Данска бил повторно се соочил со војна за превласт. Рагнар испратил луѓе во Норвешка да бара поддршка, а според Саксо, Лагерта, која се уште го сакала, му дошла на помош со 120 бродови. Кога во екот на битката, Сивард синот на Рагнар бил ранет, Лагерта ја добила битката за Рагнар.

По враќањето во Норвешка, Лагерта се скарала со нејзиниот сопруг, и го убила. Саксо кажува дека потоа ја "узурпирала целата негова територија и неговото име и суверенитет; и дека подвигот го сторила бидејќи попрво сакала да владее без својот маж отколку да го дели престолот со него".

Торгерт, со кого ја идентификуваат Лагерта, во борба против Јомсвикинзите. Илустрација на Џени Нистром (1895 г.).

Изворите на Саксо[уреди | уреди извор]

Според Џудит Џеш, богатите приказни во првите девет книги на Саксо за подвизите на Данците, во кои е и приказната за Лагерта, „главно се измислени“.[3] Портретирајќи неколку воинки во овие приказни, Саксо црпел инспирација од легендата за Амазонките од античко време, но исто така и од некои старонордиски (особено исландски) извори кои не се јасно идентификувани. Описите на воините на Саксо се обоени со мизогинија. Како повеќето црковни луѓе, и Саксо немал убаво мислење за жената. За него, викиншките воинки биле извор на хаос во старата Данска која подоцна „била излечена“ од Црквата и станала стабилна монархија .

Жена наречена Хладгерор (старонордиски:Hlaðgerðr), исто така се појавува во сагите од 6ти век за сколтскиот крал Халфдан. Таа му дала 30 брода за да ги порази неговите непријатели.[4] Хилда Елис Давидсон, во нејзиниот коментар за книгата, како и во белешките кажува дека името доаѓа од Франките, на пример Литгарда од Вермандоа (околу 914–978), и дека приказната за Лагерта можно е да потекнува од франкиската традиција.

Кога Саксо ја опишува како "летечки круг" (circumvolare) меѓу редовите на непријателот, тој раскажува за нејзината моќ за летање, што според Џеш, означува брод со валкири.[5] Приказната потсетува на Кара, валкири љубовницата на Хелги Хагингјарскати, којашто летала над Хелги во битка како лебед, пуштајќи магии во негова поддршка.[6]

Идентификување со Торгерд[уреди | уреди извор]

Нора Чадвик смета дека е многу веројатно[7] Лагерта да се однесува на Торгерд (старонордиски: Þorgerðr Hölgabrúðr), божица што се одразува во повеќе приказни. Торгерд била обожувана од страна на норвешкиот владетел Хакон Сигурдсон, Хакон Моќниот (c. 937–995), кој живеел во Ладе (старонордиски:Hlaðir). Тоа може да е потекло на името Хладерор. Гаулардар, односно, долината Гаулар – каде според Саксо живеела Лагерта – се наоѓа во близина.[8] Најпосле, описот на Лагерта како доаѓа напомош на Рагнар со разлетана коса е сличен на описот во ракописот Флатејарбок кога Торгерт дошла да му помогне на Хакон.

Портрети[уреди | уреди извор]

Историската драма на Кристен Прам Лагерта (1789) се базира на белешките на Саксо.

Кореографот Винченцо Џалеоти го засновал неговиот балет Лагерта (1801), првиот балет со нордиска тематика, врз делото на Прам.[9]

Во поново време, Лагерта (која ја игра Катерин Виник ) е главен лик во ТВ серијата Викинзи која широко се потпира врз легендата на Саксо. Портретирана е како воин и прва жена на Рагнар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chadwick, Nora K. (1950). „Þorgerðr Hölgabrúðr and the trolla þing: a note on sources“. Fox, Cyril; Dickins, Bruce. The Early Cultures of North-West Europe. Cambridge University Press. стр. 414. ISBN 9781107686557. https://books.google.com/books?id=vSFzo9-pdT4C&pg=PA414. 
  2. Saxo Grammaticus. „The Danish History, Book IX“. Translated by Oliver Elton.  (Latin original)
  3. Jesch, Judith (2001). Women in the Viking Age (New издание). Woodbridge, Suffolk: Boydell Press. стр. 178. ISBN 9780851153605. https://books.google.com/books?id=9xpNRpI9zFoC&pg=PA178. 
  4. Saxo Grammaticus; edited by Hilda Ellis Davidson; translated by Peter Fisher (1979). The history of the Danes: books I-IX. Woodbridge: D. S. Brewer. стр. 151. ISBN 9780859915021. https://books.google.com/books?id=7xvqhA9Ou1MC&pg=RA1-PA151. 
  5. Jesch, 179.
  6. Davidson, 154.
  7. 1870-1947., Chadwick, H. Munro (Hector Munro),; 1882-1967., Fox, Cyril, Sir,; 1889-1978., Dickins, Bruce, (2013). The early cultures of North-West Europe. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 9781107686557. OCLC 820108045. https://www.worldcat.org/oclc/820108045. 
  8. Davidson, 152.
  9. Urup, Henning (2007). Dans i Danmark: danseformerne ca. 1600 til 1950. Museum Tusculanum Press. стр. 331. ISBN 9788763505802. https://books.google.com/books?id=F23DSq5YQNoC&pg=PA331.