Лав Книпер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Младиот Лав(лево) со сестрата Ада (центар) и Олга (десно).

Лав Константинович Книпер (руски: Лев Константинович Книппер) (3 декември [ст. ст. 21 ноември] 1898 во Тбилиси - 30 јули 1974 во Москва), a руски композитор со делумно германско потекло и активен ГПУ - НКВД агент на советската тајна полиција.

Тетка му била Олга Книпер (жена на Антон Чехов). Неговата постара сестра Олга Чехова исто така станала театарска глумица и се омажила за Михаил Чехов.

За време на Руската граѓанска војна се борел во редовите на белогардејците и ја напуштил русија со остатокот од силите на барон Врангел во 1920. При неговото повторно влегување во земјата во 1922, Книпер бил регрутиран од одделот за надворешни работи на ГПУ. Нема докази дека тој ги има поткажано своите колеги-композитори за време на репресалиите.

Студирал во Москва со Рајнхолд Глиер и Гнесиновата музичка академија. Во 20-тите, работел во Moscow Art Theatre заедно со Владимир Немирович-Данченко и Константин Станиславски.

Во 1934 тој на напишал неговата Четврта симфонија, во рамките на која е и славната песна Полушко Поле, со текст (посветен на Климент Ворошилов) од Виктор Гусев. Оваа музика станача една од песните за марширање на Хорот на Црвената армија. Книпшер не страдал од нападите на Андреј Жданов, кој цензурирал други композитори.

Книпер бил мошне продуктивен автор. Напишал пет опери (меѓу кои и една за Малиот принц), 20 симфонии, балети, дела за пијано и филмска музика. Тој ја изучувал и етномузикологијата во централноазиските републики и ја истражувал народната музика на Туркменистан, Киргистан и Таџикистан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Beevor, Antony (2004) The Mystery of Olga Chekhova: was Hitler's favorite actress a Russian spy? ISBN 0-670-03340-5