Лавот во зима (филм од 1968)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лавот во зима (англиски: The Lion in Winter) - американски филм од 1968 година, во режија на Ентони Харви, според сценариото на Џејмс Голдман, засновано врз неговата истоимена театарска претстава прикажувана на Бродвеј. Во главните улоги настапуваат: Питер О'Тул, Кетрин Хепберн, Џон Касл, Ентони Хопкинс, Џејн Мероу, Тимоти Далтон, Најџел Тери, итн. Филмот постигнал голем успех, како кај публиката, така и кај филмската критика и бил номиниран за наградата „Оскар“ во седум категории, а победил во три (меѓу кои и Хепберн за најдобра женска улога). Покрај тоа, филмот своил две награди „Златен глобус“ и две награди на БАФТА. Инаку, токму во овој филм, Далтон ја остварил својата прва филмска улога, а Хопкинс ја одиграл првата голема улога. Во 2003 година била снимена нова, телевизиска верзија на филмот.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

На Божиќ, во 1183 годинакралот Хенри II (го игра О'Тул) најавува дека ќе објави кој ќе биде престолонаследникот. Одлуката не е едноставна, зашто тој има три сина при што кралот сака круната да ја наследи Џон (го игра Тери), но кралицата Елеонора (ја игра Хепберн) е уверена дека круната треба да му припадне на синот Ричард (го игра Хопкинс). Секој од присутните се обидува да го придобие неодлучниот крал за својот избор...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT (пристапено на 31.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 2018-01-01.
  2. „HRT (пристапено на 31.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 2018-01-01.