Лаворово дрво (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лаворово дрво
The Bay tree egg.jpg
Година на изработка1911
Нарачателцар Николај II
Примателцарица мајка Марија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнаФонд „Врска на времињата“, Санкт Петербург
Година на стекнување2004
Дизајн и материјали
Употребен материјалзлато, зелен и бел емајл, нефрит, дијаманти, рубини, аметисти, кварц, бисери и бел оникс
Висина27,3 cm затворено, 30 cm отворено
Изненадувањемеханичка птичка пејачка

Лаворово дрво (познато и како Портокалово дрво) – јувелирско велигденско јајце изработено од нефрит и емајл под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1911 година,[1] за Николај II кој ѝ го поклонил јајцето на мајка си, царицата мајка Марија Фјодоровна за Велигден на 12 април 1911 година.[2]

Во 1911 година, царицата го добила на поклон, Петнаесетгодишен јубилеј.

Изненадување[уреди | уреди извор]

Изненадување е птичка пејачка, која излегува од дрвото мавта со крилата, ја врти главата, го отвора клунот и пее. Птичката се активира со мал лост скриен меѓу листовите во маскиран во овошје.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Врз основа на француското механичко портокалово дрво,[3] извесно време погрешно се водело како портокалово дрво, но било потврдено како лаворлаворово дрво по прегледот на оригиналната фактура. Фаберже наплатил 12.800 рубљи за јајцето.[1]

Во 1917 година јајцето било конфискувано од Привремената руска влада и било преместено од дворецот Аничков во Кремљ.[1] Околу 1927 година, му било продадено на Емануел Сноумен од јувелирниците Варцки.[1]

Во 1934 Варци му го продале на Алан Гибсон Хјуз за 950 фунти, а повторно го откупиле во 1939 година, по неговата смрт. Јајцето има кутија на која се напишани иницијалите А. Г. Х. кои веројатно се од ова време.[4]

Во 1947 година Сотби го продал во Лондон за 1650 фунти и потоа јајцето променило повеќе сопственици, а краен било г-ѓа Милдред Каплан. Таа му го продала на Малколм Форбс во 1965 година за 35.000 долари, еквивалентни на 212.634 долари во 2004 година кога „Форбсовата збирка“ му била продадена на Виктор Векселберг. Векселберг купил девет царски јајца, како дел од збирка, за скоро 100 милиони долари [5]

Јајцето денес е дел од Збирката на Виктор Векселберг, во сопственост на фондацијата „Врска на времињата“ и е сместено во Музејот Фаберже во Санкт Петербург.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]