Лабораторија за конзервација и реставрација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лабораторија за конзервација и реставрација — претставува лабораторија за физичка заштита на архивскиот материјал во составот на архивот. Архивскиот материјал значително се разликува од другите видови на културни богатства, оттаму архивкиот материјал е поподложен на оштетување, што доведува до потреба за негова постојана мобилност со цел да се спречи и оневозможи неговото пропаѓање. Оштетувањата и пропаѓањата на архивскиот материјал можат да бидат:

  • надворешни ( предизвикани од несоодветни услови за чување, неправилно ракување и користење и др.)
  • внатрешни ( предизвикани главно од неквалитетноста на материјалот на кој и со кој е изработен документот)

Реставрација и конзервација[уреди | уреди извор]

Видови на оштетување[уреди | уреди извор]

Дејноста чија цел е да се сопре или забави пропаѓањето на архивскиот материјал ( возобновување, ревитализација) се нарекува реставрација. Дејноста која пак се организира со цел да се спречи пропаѓањето на материјалот (превземање на соодветни мерки ) се нарекува конзервација. За поуспешна конзервација меѓу другото потребно е да се познаваат добро посебните карактеристики на материјалот на кои се изработени документите. За поуспешен избор на соодветни мерки со цел понатамошниот процес на пропаѓање што поуспешно да се оневозможи надворешните и внатрешните чинители да го уништуваат архивскиот материјал. Во дејностите поврзани со реставрацијата и конзервацијата постојат посебни постапки во зависност од видот на документот, дали истиот е изработен на папирус, пергамент, хартија или пак е пишуван со железогално или анилинско мастило или пак со машина за пишување, фото-фоно документи и др.

Најважното дејство што треба да се превземе при процесот на конзервација и реставрација е дијагностицирањето, односно да се откријат точните причини кои го предизвикале оштетувањето особено кога тие се од физичко хемиско или биолошко потекло. Без точна дијагноза оболената хартија не може правилно да се лекува. Физичко-хемиските причини најчесто се: влага, температурни осцилации, ув-зраци, разни штетни гасови, прав и.т.н. Биолошки причини за оштетувањето се: бактерии, други микроорганизми габички и.т.н. Од механичка природа: кинење, туткање, превиткување, нагризување од инсекти и глодари и.т.н. Други чинители на оштетувањето можат да бидар елементарните несреќи како на пример: дождови, лизгање на земјиштето, земјотреси и.т.н. И во случај на војна опожарување затрупување по воздушни и други видови на бомбардирање.

Начин на работење[уреди | уреди извор]

Реставрацијата е посложена дејност за разлика од конзервацијата и истата се спроведува со помош на повеќе видови на методи и принципи. Првично е поребно да се изработи план за работа, врз основа на оштетеноста на документите и приоритетот. Приоритет имаат документите за кое е потребно да се микрофилмуваат и оние кои се од посебно значење. Процесот на реставрација се врши на два начина:

  • класично
  • со помош на ламинација

Класичното реставрирање се врши така што оштетениот материјал се лепи на т.н. „јапонска хартија“ или квалитетна хартија, свила или пак кожа. За ова лепење се користи скробно лепило или други проверени лепила. Понов метод на реставрација е со ламинација, т.е. обложувањето на едната или другата страна на документот со термопластична фолија (ацетатна целулоза, полиетилен и др.). Овие фолии се поставуваат со специјален апарат - ламинатор, кој под притисок и на температура од 70-150 C° во времетраење од 20-50 секунди, во кој период се предизвикува делумно впивање во хартијата и на тој начин таа се заштитува.

Документите кои се реставрираат класично го сочувуваат класичниот изглед и оригиналност за разлика од оние кои се ламинираат. Пред да се изврши реставрацијата потребно е да се изврши неутрализација, односно постапка со која се оживува хартијата, со цел да се сопре нагризувачкото дејство на различните киселини. Овој процес е познат и како деацидификација и се спроведува со помош на калциум хидроксид, калциум бикарбонат, калциум карбонат, амонијак и др. Процесот се изведува со помош на гасовити течни или крути средства. Чистењето на дамките од самите документи исто така е вид на претходна постапка која треба да се спроведе пред да се започне со реставрација на документот.

За поуспешно спроведување на успешна конзервација и реставрација главна улога има добро опремената лабораторија, но од голема важност е и оваа лабораторија да биде користена од стручно обучен кадар во соодветната дејност.