ЛГБТ права во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ) во Северна Македонија се соочуваат со правни и општествени предизвици, со кои не се соочуваат не-ЛГБТ жителите. Машките и женските истополови сексуални активности се легализирани во Северна Македонија уште од 1996 година, но истополовите парови и домаќинствата предводени од истополовите парови немаат право на иста законска заштита којашто им е достапна на хетеросексуалните брачни парови.

Во 2019 година, ИЛГА-Европа ја рангираше Северна Македонија на 34-то место од 49 европски земји во однос на законодавството за правата на ЛГБТ.[1]

Хомосексуалноста била забранета во Северна Македонија сè до 1996 година, кога земјата го декриминализира сексот меѓу лица од ист пол како услов за да стане членка на Советот на Европа.[2]

Истражувања[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Хелсиншкиот комитет од 2005 година, 9,6% од населението во државата е нехетеросексуално.[3] Во април 2019 година, било спроведено истражување од страна на Институтот за човекови права објавено со цел да се одреди мислењето на јавноста во однос на перцепцијата за сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Според стражувањето, кое било спроведено во облик на анкета и вклучило 1017 жители, речиси половина од испитаниците имале негативни мислења за луѓе со хомосексуална ориентација.[4]

Скопје прајд[уреди | уреди извор]

Парада на ЛГБТ заедницата во Скопје, насловена како „Скопје прајд“ за првпат се одржала во 2019 година.[5]

Резиме табела[уреди | уреди извор]

Легална сексуална активност луѓе од ист пол Да (Од 1996 година)
Еднаква возраст на согласност (14) Да (Од 1996 година)
Закони за антидискриминација само при вработување Да (Од 2020 година)
Закони за антидискриминација при обезбедување на стоки и услуги Да (Од 2020 година)
Закони за антидискриминација во сите други области (вклучително индиректна дискриминација, говор на омраза) Да (Од 2020 година)
Закони за антидискриминација во врска со родовиот идентитет Да (Од 2020 година)
Истополови бракови не
Признавање на истополови парови не
Посвојување од посинок од истополови парови не
Заедничко посвојување од истополови парови не
На хомосексуалците, лезбејките и бисексуалците им е дозволено да служат отворено во војската Да
Право на промена на правниот пол Да[6][7][8][9][10][11][12]
Пристап до ИВФ за лезбејките не
Комерцијално сурогат мајчинство за геј машки парови не
На мажи кои спијат со мажи им е дозволено да даруваат крв не

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „неrth Macedonia“. rainbow-europe.org. Посетено на February 28, 2021.
  2. „Gay Macedonia“. Архивирано од изворникот на 17 July 2012.
  3. „Геј-заедницата во Македонија“. BBC. 24 септември 2007 година. Посетено на 28 ноември 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Карајков, Ристо (април 2019). „Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација - резултати од истражување“ (PDF). Институтот за човекови права. Посетено на 28 ноември 2022. Text "last2-Димитровска" ignored (help); На |first2= му недостасува |last2= (help)
  5. „Скопје Прајд 2019: Вашето присуство е најсилна поддршка!“. Окно. 28 јуни 2019. Посетено на 28 ноември 2022.
  6. „Владата утврди предлог-закон за признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица“. Радио МОФ (англиски). 2021-04-28. Посетено на 2021-07-22.
  7. „Од 67 седница на Владата: Забраната за движење наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 часот; Нови пунктови за масовна вакцинација во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово“. Влада на Република Северна Македонија. 2021-04-27. Посетено на 2021-07-22.
  8. „Промената на полот во Македонија станува легална“. Сител Телевизија. Посетено на 2021-07-22.
  9. „Измените на Законот за матичната евиденција за трансродовите лица во собраниска процедура“. Академик. 2021-05-11. Посетено на 2021-07-22.
  10. „ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА“.
  11. „ТРАНСРОДОВА ЖЕНА ДОБИ ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ОЗНАКАТА ЗА ПОЛ И МАТИЧНИОТ БРОЈ ВО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ВТОРА ВАКВА ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ СУД“. Сакам Да Кажам. 2017-10-02. Посетено на 2021-07-22.
  12. „Шест лица го промениле полот во личните карти | iNFOMAX.mk“ (англиски). Посетено на 2021-07-22.