К-Т Граница

К-Т Граница е границата помеѓу два периоди на развојот на Земјата - Креда и Терцијар. Се смета дека овој преод настанал пред 65 милиони години како резултат на удар на небесно тело, најверојатно астероид, на Земјата.
Ударот предизвикал значајни геолошки и климатски промени кои силно се одразиле и на живиот свет. К-Т Границата се смета за време на исчезнување на диносаурусите. К-Т границата е видлива во геолошките наоди -Земјините слоеви-по целата Земјина топка во вид на тенок глинен слој богат со иридиум.
Во 1970-тите години е откриен кратерот Чикшулуб во Мексико кој се смета за местото кајшто паднал астероидот.
![]() | Оваа статија / од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |